Зимата пристигна, зајакнете го вашиот имунитет

Доаѓа времето на настинки, кивавици и грипови. Подобрете го вашиот имунитет и дочекајте ја зимата подготвени со Актив Лајф на Медобил Груп.

Имунитетот е сложен одбранбен систем за заштита на организмот од разни штетни влијанија, пред сѐ од вируси, бактерии и други микроорганизми, но и од слободните радикали и нашите сопствени изменети ќелии. Кога ќе ослабе имунитетот, ослабува и нашиот организам во целост, па стануваме болежливи, склони кон настинки и не нѐ заобиколува ниедна кивавица, грип или воспаление на грлото. Покрај тоа, нѐ следи замор и малаксаност, лош апетит, слаба концентрација, епизоди на херпес, егзема и други тегоби кои ни го нарушуваат секојдневното функционирање.
 

Што влијае врз состојбата на нашиот имунитет?

Имунитетот зависи од бројни фактори кои можат да го нарушат и ослабат, но исто така и да го поправат и зајакнат доколку научиме да се однесуваме кон себе на вистински начин во склад со нашата природа, нашата физиологија и нашето опкружување.

Адекватната исхрана е основа за добар и јак имунитет. Прво нешто на кое треба да обврнете внимание е бројот и ритамот на оброци бидејќи со нередовната исхрана со оброци набрзина и во одење не му даваме на организмот доволно енергија. Поради забрзаниот ритам на живот често посегнуваме по индустриската и брза храна која е преполна со лоши масти и штетни рафинирани шеќери, адитиви и конзерванси со кои не го храниме огранизмот туку го оптеретуваме и ослабуваме, а на прво место тоа го чувствува имунолошкиот систем.

Освен квалитетот на храната, важен е и изборот на намирниците бидејќи некои не ни одговараат во целост или само на некои од нив сме нетолерантни. Со секојдневниот внес на такви намирници го оптеретуваме организмот и црпиме сили од нашето тело за да совлада нешто што сме внеле, а не ни одговара и во тој процес страда на прво место имунолошкиот систем. Наместо да се бори против напаѓачите кои доаѓаат однадвор, како што се вирусите и бактериите, имунолошкиот систем ги троши своите одбранбени сили на несоодветна храна која своеволно сме ја внеле. Со помош на квантната медицина, со едноставен тест за нетолеранција можеме да дознаеме кои намирници ни одговараат, а кои не, и така да го растеретиме организмот и да му дадеме оптимални услови за добро функционирање на нашиот имунолошки систем.

Ритамот на сонот и будноста е од исклучително значење за нашето здравје бидејќи човечкиот организам се регенерира ноќе, а имунитетот се јакне. Многу често свесно го нарушуваме биоритамот на сонот, останувајќи будни до доцна, стануваме рано, не спиеме доволно или го заменуваме ноќниот одмор со дневен, па нашиот организам не може адекватно да се регенерира и полека слабее, а прв на удар е имунитетот.

Стресот од секојдневниот живот влијае лошо на сите функции на организмот на сите нивоа - физичко, емотивно и ментално. Ако на тоа ги додадеме и лошите навики како пушењето и конзумирањето алкохол, телесната и ментална нехигиена, недостатокот на физичка активност и недоволниот престој во природа на свеж воздух, тогаш се присутни сите услови кои придонесуваат да го ослабеме нашиот организам и да го нарушиме имунитетот кој се распаѓа како кула од карти. Стануваме неотпорни и склони кон разни инфекции.


Како да го зајакнеме имунитетот?

За добар и јак имунитет, на прво место хранете се редовно, добро и здраво и секогаш имајте ја на ум мудрата изрека дека здравјето доаѓа преку устата. Не прескокнувајте оброци и јадете во мир. Следете го природниот ритам на спиење и ноќен одмор, спијте повеќе. Поминувајте што почесто време во природа проследено со физичка активност. Лошите навики заменете ги со здрави. Редуцирајте го стресот и пред сѐ мислете позитивно бидејќи позитивните мисли ствараат позитивни емоции, а позитивните емоции го јакнат имунолошкиот систем.

За да бидете безгрижни, нарачајте го нашиот производ Актив Лајф - природен тоник кој спаѓа во категоријата додаток во исхраната и како таков е целосно безбеден и благотворен за секојдневна конзумација. Негов пропратен медицински ефект е: регулирање на крвниот притисок, намалување на ЛДЛ лошиот холестерол во крвта, намалување на мастите во крвта, детоксицирање на целиот организам и подобрување на општата имуно-биолошка состојба. Главни суровини се јаболков сок, прополис и билни екстракти од мента, камилица, босилек и анасон. 

Категории