Како да забележите дека вашето тело пати

На почетокот на секоја година, си даваме одредени ветувања самите на себе. Но најчесто ги кршиме повеќето веќе во вториот месец од годината.

Ако сте решиле на почетокот на годинава дека ќе се вклучите во здрави активности, сигурно досега сте го прекршиле таквото ветување. Зошто потфрламе во истрајувањето во нашите ветувања? Една причина може да биде тоа што сме многу зафатени во нашиот професионален живот. Поради тоа, не можеме да негуваме многу навики кои се есенцијални доколку сакаме да имаме добро здравје.

На пример, оние чие работно место е поврзано со работа на компјутер, постојано се во седечка позиција. Доколку понесат дел од работата дома, тие и натаму ќе го поминат поголемиот дел од денот седејќи, што на крајот резултира со влошување на здравствената состојба.

Друга причина за кршењето на ветувањата може да биде нашиот динамичен друштвен живот. Доколку имаме многу пријатели во животот, сите тие ќе нѐ поканат кај нив дома или некаде надвор на дружење. Во повеќето случаи, ветувањата кои сме си ги дале поврзани со нашата исхрана ќе ги прекршиме за време на тие дружења. На таквите забави, честопати се случува да претераме со јадењето и пиењето и така да го прекршиме сопственото ветување дека ќе се храниме здраво коешто сме си го поставиле како задача на почетокот од годината.

Понекогаш стануваме толку зафатени во нашите професионални и друштвени животи што немаме доволно време да си посветиме на себе.

Не ги слушаме знаците кои ни ги испраќа нашето тело дека на нашето здравје му е потребно рестартирање. Не го слушаме крцкањето на зглобовите. Не ја чувствуваме болката поради мигренозните главоболки. Не ја забележуваме агонијата во која се наоѓаат нашите тела како резултат на истроштеноста од употреба. Кога агонијата ќе резултира со некоја поголема болест, тогаш го привлекува нашето внимание.

Дотогаш, ги игнорираме ситните сигнали. А возможно е да ги забележиме само доколку си посветиме време на себе. Ако другите постојано нѐ опкружуваат и секогаш го бараат нашето внимание, тогаш не е возможно да имаме време за себе. А ако немаме доволно време за себе, не можеме да погледнеме во себе и да се спознаеме себеси. Во такви времиња, подобро е да избегате на место каде уживате да се релаксирате.

Исто така потребно е да се вратиме на здравите навики и кога нашиот мозок ќе престане да функционира или ќе му здодее рутинскиот живот.

Како до поефикасна метаболичка детоксикација?

Овде настапува Медобил Слимс, 100% природен препарат, македонски производ со ресурси од најчистите еколошки зони, наменет за намалување на телесната тежина. Претставува совршен спој на апи (пчелини) и фито (билни) елементи, концентриран производ во средно желатинозна форма, со чија конзумација можете да ослабете до 15 килограми за само 30 дена. Се пие според шема, заменувајќи одреден оброк во денот. Нема штетно дејство по здравјето, а прави детоксикација на организмот. По завршувањето на третманот со Медобил Слимс, добивате здраво, витално и прочистено тело. Доколку се конзумира според упатството, се постигнува слабеење по еден килограм на три или четири дена. Од Републичкиот завод за здравствена заштита е категоризиран како додаток во исхраната. Редовно се вршат анализи и испитувања во Ј.З.О. Завод за здравствена заштита - Скопје и е одобрен за конзумација. Одговара на правилникот за исправност и безбедност на храната. 

Категории