БОЛКА-ПРИЈАТЕЛ И НАЈЧЕСТ СИМПТОМ

Не постои човек кој барем еднаш во животот не почувствувал некој тип на болка. Истражувањата докажаа дека секој петти човек или 20% од популацијата во Европа живее со хронина болка. Бидејќи секој човек има различен праг на толеранција, евидентно е дека болката е субјективен феномен. Секој различно ја доживува и различно ја опишува спред местоположбата, времетраењето и интензитот на јавување. 

 Спред лекарите, болката е најголемиот човеков пријател, зашто таа ги води до лекарските ординации. Може да биде телесна или душевна, може да биде предизвикана од многу причини: случајна или спортска повреда, од физичка сила и слично. Болката може да биде основен, пропратен или последичен симптом на многу состојби или болести. Таа се разликува според интензитетот, времетраењето и периодот од денот кога се јавува. 

Во медицината, општоприфатена е  поделбата на болката на акутна и на хронична болка. За акутна се смета болка кој трае до 3 месеца. Хронична болка е онаа која трае од 3-12 месеци или подолго од очекуваното. При појава на болка најважно е а се открие причинителот. Со негово отстранување прекинува и непријатната сензација која во голема мерка може да го намали квалитетот на живот кај оној кој ја има. Речиси секој орган или систем може да иницира и да дава сензација на болка. Сепак, најчести се главоболките, горно и долногрбната болка, болката во мускулите, болката во градите, но и болаката во душата при некој стресен момент. 

Чувството на болка, т.е. неговата перцепција е резултат на комплексен процес на настанување, спроведување и обработка на болниот импулс на патот од рецепторот за болка до кората на мозокот. Таа е лично, субјективно чувство на кое влијаат психолошки, емоционални, социјални и други надворешни фактори и околности.  Во зависност од полот, возраста, воспитувањето и опкружувањето, луѓето различно реагираат на болка. Прагот на толеранција на болка е понизок при воспалителен процес. Силните емоции како страв и лутење може да го потиснат чувството на болка. При депресија, прагот на болка е повисок, т.е. повеќе се толерира, се трпи болката.

Поставувањето на дијагноза за одреден тип на болка може да се направи со темелна анамнеза и со клинички преглед на пациентот. Доколку пак причината не се открие на овој начин, потебни се дополнителни иследувања во смисла на крвна слика и други специфични параметри за кои се сомнева лекарот. По откривањето на причината се преминува кон препишување на терапија за третман на болка.

Третманот на болка може да биде фармаколошки или нефармаколошки. Фармаколошкиот третман е насочен кон квантитативно и кон квалитативно третирање. При акутна болка најчесто се користат лекови од групата на аналгетици, додека при хронична болка се земаат групи на лекои кои је третираат прочината за настанување на болката, Нефармаколошкиот третман опфаќа физиклана терапија, хируршки техники, акупунктира, психотерапија. Болата може да се повтори или да иницира појава на друга болка. Затоа, треба многу сериозно да се земе во предвид и задолжително да се посети лекар при болка во стомак, болка во долните екстремитети, градна болка или силна пулсирачка главоболка. 
  

Поврзани блог статии

Категории