Воглавно не, бидејќи нашите производи се 100% природни, со избалансиран состав и на нив се извршени сите потребни тестови од наша страна и од релевантните здравствени установи пред да се пуштат во продажба така што се безбедни по вашето здравје и одобрени за конзумација и апликација. За различни производи постојат различни околности кога не се препорачува нивната употреба. Затоа внимателно прочитајте ги информативните текстови и упатствата за производите пред да пласирате нарачка и ако сѐ уште не сте сигурни тогаш консултирајте се со нас или со доктор, приложувајќи му ги достапните информации (состав, дејство, индикации, контраиндикации) за посакуваниот производ.