Зошто во зима се дебелееме и потешко слабееме?

Во овој дел од Земјата, зимите се најчесто ладни и снежни, па тука се новогодишните и божиќните празници, потоа и зимскиот распуст за учениците, исполнет со традиционалните зимски спортови како што се санкањето и скијањето, па и мавањето со снежни топки (и тоа е спорт, нели), со што редовно одат калорични и почести оброци. Бидејќи изгубената енергија на снегот мора да се надокнади. Се вели оти уметноста на подготвување традиционални јадења говори за добрата домаќинка, а домашната ракија за добриот домаќин. Стои, сѐ е тоа многу вкусно. И во мали количини прифатливо.

Меѓутоа, освен што за калоричната, зачинета и мрсна храна и алкохолни пијалоци се зборува во контекст на нивната штетност по здравјето, уживањето во ова е една од причините зошто во зима килограмите не одат надолу. А нашата зима е идеално годишно време за добивање на телесна маса и за тешко враќање на нормалната телесна тежина. За ова и науката има нешто да каже, па од научен аспект ќе го разгледаме дебелеењето во зима.

Се покажало дека здраво лице со примерена телесна тежина и прехрамбени навики и вообичаени физички активности меѓу ноември и јануари качува околу еден килограм. Во зима се поврзува и поимот „сезонско афективно пореметување“ (од анг. seasonal affective disorder) - почести периоди на лошо расположение зимно време (што се објаснува со краткиот ден и долгите ноќи, ладното, редуцираните социјални контакти во урбаниот живот, вишокот време што неминовно вклучува и размислување за ситуации кои нѐ тиштат и слично) кои најчесто се „лечат“ со храна. Како што напоменавме, најчесто калорична. И секако, вкусна. Тоа се уште неколку килограми повеќе, покрај она што претходно рековме дека е вообичаена тенденција.
Затоа советуваме сепак и во текот на зимата да ја одржувате идеалната телесна тежина, и покрај сѐ што нѐ води во искушение од сите страни.

Сами спремајте ги оброците, пазејќи на калориската вредност. Зошто би имале потреба зимно време да внесуваме во организмот повеќе калории наместо вообичаените околу 2000 (здрави жени кои не се занимаваат со спорт) или 3000 калории дневно (здрави мажи кои не се занимаваат со спорт)?

Лошото расположение немојте да го лечите со храна. Зошто би се двоумеле да побарате стручна помош, ако сме свесни дека самите не можеме да се справиме со проблемот? Не морате да си ги ускратувате вкусните, типично зимски закуски. Обидете се наместо големи залаци, да внесувате мали залаци. Ограничете се на неколку закуски, наместо постојаното повторување и пробување вкусни јадења и пијалоци со секое следно друштво.

Нејсе, ладното, угодната топлина во домот и имањето повеќе слободно време, што значи и повеќе време за размислување за тажни ситуации, не смеат да бидат изговор за прекумерно зголемување на телесната маса во текот на зимските месеци. Впрочем, зошто не би го свртеле тоа во ваша корист? Искористете го вишокот време за редовни телесни вежби, за планирање на здрави оброци и за „полнење на батериите“ за претстојните предизвици.

И не паничете! Има решение. Вие уживајте во празниците, а ние ќе се погрижиме да ја дочекате новата година витки и витални! За вас креиравме пакет на кој нема да можете да одолеете. Составен од природни производи кои директно влијаат на намалувањето на вишокот килограми, детоксикација на организмот и третман на целулитот. Изгубете до 10 kg за еден месец со нашите производи Медобил Голд, чајот за слабеење и антицелулитното масло. Сѐ што треба е да имате волја и да се придржувате до упатствата за употреба. Останатото ќе го завршат совршените формули со природни состојки.


 
Медобил Голд - природен препарат наменет за намалување на телесната тежина од 10 до 15 килограми количина наменета за месец ипол. Помеѓу другите компоненти - мед, прополис, матичен млеч и билни екстракти, но ние најмногу ќе се задржиме на L-карнитинот, најбараниот природен елемент за слабеење во светот. Неговата улога во човечкиот организам е најпозната по неговото учество како носач на масните киселини низ страничните мембрани и митохондрии, каде се согоруваат и користат како извор на енергија. Значи, доколку во нашето тело нема доволно L-карнитин, мастите нема да се искористат за создавање енергија туку ќе се наталожат во мускулите и кожата, и нашето тело ќе стане млитаво, опуштено и дебело. Но со конзумирање на Медобил Голд според приложеното упатство во пакувањето, во нашето тело ќе внесеме хумана доза на L-карнитин, со што на сосема здрав и природен начин мастите ќе ги стопиме и претвориме во енергија, а телото ќе ни стане цврсто, затегнато и витко - без никаква дополнителна физичка активност.
 
Чајот за слабеење е идеално избалансирана билна мешавина од дехидриран хербален дел наменет за секундарно тинктурирана течност - чај. Како силен напиток, овој чај примарно делува врз работата на тенкото црево во функција на прочистувач на цревните ресички, со што се постигнува забрзување на перисталтиката (варење на храната), па веќе внесениот оброк ќе биде за три пати побрзо преработен и по регуларен метаболички пат исфрлен од телото.

Антицелулитното масло - дел од нашата препаративна козметика наменета за нега на тело - во чија што основа е вметната голема количина екстракт од гинко и бршлен, со редовна и правилна употреба на кожата ќе ѝ даде свиленкаст и затегнат изглед, а целулитот ќе биде намален и визуелно коригиран.

Категории