Зошто е важно (и што) да јадете после долго џогирање

Вашата исхрана го содржи клучот на враќањето во форма. Имено, добрата исхрана со правата комбинација на хранливи материи може да ви помогне брзо да се соземете после напорно трчање. А доколку не јадете или ја одложите ужинката, ги намалувате вашите шанси за тоа.

Еве неколку нешта кои треба да ги знаете за закрепнувањето по исцрпувачко џогирање.

Едночасовен прозорец
Првиот час после долго џогирање е времето кога вашето тело е најнаклонето кон конзумирање храна. Затоа е препорачливо да ги надополните вашите гликогенски резерви кои се исцрпиле и одредена доза протеини. Протеините се потребни за обнова на мускулните влакна.

Што ќе се случи ако не јадете во текот на овој час?
Ќе се чувствувате зашеметено, раздразливо и уморно. Морате да сфатите дека ова не е препорачливо без оглед за какво џогирање станува збор. Иако треба да каснете нешто после секое трчање, сепак е од исклучителна важност да конзумирате храна после долго џогирање. Што поисцрпувачко е џогирањето, дотолку поважна е ужинката после тоа.

Што треба да јадете?
Јаглехидрати. Тие можат да бидат лесно разложени од страна на телото и искористени како енергија. Можете да конзумирате компири, леб, тестенини, па дури и ориз за да ги нахраните мускулите. Овие прахрамбени производи со висок гликемиски индекс се сметаат за добри. Можете да искомбинирате кој било од нив со протеинска храна како мисиркини гради, пилешки гради и големо јајце или лосос. Ако цврстата храна не ви е привлечна, земете течности - чоколадно млеко или слично.

Пијте вода
Ова е особено важно. Надоместувањето на потрошената вода е уште еден начин на обновување и подмладување на телото. Спортските пијалоци можат да помогнат во снабдување на телото со потребниот гликоген за дополнување на резервите. При џогирање кое трае помалку од 90 минути, доволно е само обична вода. Не ви треба спортски пијалок. Проверете ја бојата на вашата урина. Ако е темно жолта, потребна ви е итна рехидратација.

Не претерувајте
Да, ова е исто така многу важно! Погрижете се да не конзумирате повеќе калории отколку што ви требаат во моментот. Џогерите се склони да јадат повеќе отколку што им е потребно и затоа наместо да губат килограми, тие стагнираат. Воедно, имајте контрола врз вашите желби.

Сосема на крај
Не заборавајте да практикувате растегнување. Сметајте ја оваа активност за екстра нега која му е потребна на вашето тело. Направете го тоа веднаш по трчањето, кога вашето тело е сѐ уште топло, а мускулите подготвени. Растегнувањето кога мускулите ќе се оладат може да резултира со повреди.

Ако сакате да го забрзате губењето на вишокот килограми, ви ги препорачуваме нашите 100% природни производи Медобил Слимс и Медобил Голд. Во комбинација со редовна физичка активност, резултатите не само што се загарантирани, туку ќе станат видливи побрзо од вообичаено.

Со нарачка на Медобил Слимс на подарок добивате антицелулитен гел, а со Медобил Голд - чај за слабеење. Сите во производство на нашата компанија. Контактирајте нѐ на 078 46 46 46.

Категории