Популарно Промоција
Шумски Мед Медобил 1кг

Шумски Мед Медобил 1кг

Цена: 11,18 €

Код на производот: MOB03

Како лек, шумскиот мед посебно се препорачува кај лицата кои имаат намалено ниво на имунолошкиот систем, но и кај оние кои имаат болести на горните и на долните дишни патишта: затнат нос, ринитис(воспаление на носто), синузитис(воспаление на синусите), отежнато и плитко дишење, воспаление на грлото. Планинскиот мед делува антибактериски и антивирусно.

Шумскиот мед како и останатите видови на мед е биокатализатор, т.е. одлично делува на варењето(обработката) на храната. Затоа се препорачува кај лицата со гастритис, колитиси и други состојби и болести поврзани со дигестивниот тракт(органите за варење на храната). Покрај споменатите својства, планинскиот мед е вкусен и ароматичен и секористи како додаток или засладувач на чај, смути напитоци, но и за десерти.

  НАРАЧАЈ

Опис на производот

ШУМСКИОТ МЕД-ПРИДОБИВКА ЗА ЦЕЛОТО ТЕЛО
Уште од дамнина, медот бил, е и ќе биде еден од најценетите природни производи. Неговите својства како лек се потврдени и од традиционалната(био) и од народната(алтернативна) медицина.
Како храна може да го употребува секој, дури и децата кои веќе имаат наполнето една година. Постојат многу видови на мед и секој од нив позитивно влијае врз човековиот организам.
Кај нас најкористени видови се ливадскиот и шумскиот мед.
Заради своето антимикробно дејство, шумскиот мед е традиционален лек и храна ширум светот.
Се добива од планински билки од кои пчелите го собираат нектарот. Еколошки чистата и незагадена средина дава подобри резултети и медот има поголем ефект врз здравјето.
Тоа се однесува на производите од линијата МЕДОБИЛ.
Подрачјето од кое пчелите прават мед е оддалечено 27км од контаминирана(загадена) зона што гарантира врвен квалитет и одличен ефект на производите.
Како лек, шумскиот мед посебно се препорачува кај лицата кои имаат намалено ниво на имунолошкиот систем, но и кај оние кои имаат болести на горните и на долните дишни патишта: затнат нос, ринитис(воспаление на носто), синузитис(воспаление на синусите), отежнато и плитко дишење, воспаление на грлото. Шумскиот мед делува антибактериски и антивирусно.
Лекарите и нутриционистите препорачуваат да се зема една лажичка дневно во текот на целата година. Освен превентивно, на овој начин се намалуваат болките во урогениталниот и во гастроинтестиналниот тракт, понатаму се намалуваат хроничните болки во мускулосклелетниот систем и болките кои може да се јават после престанувањето на дејството на анестезијата при некои хируршки интервенции. Во народната медицина се користи против кожни воспаленија и за зацелување на рани.
Високата нутритивна и калориска вредност на шумскиот мед треба внимателно да ја земат во предвид дијабетичарите. Неконтролираната употреба може да доведе до зголемена вредност на гликемијата(шеќерот) во крвта која се нарекува хипергликемија. Оваа состојба е многу опасна и затоа лицата со шеќерна болест треба да се консултираат со нутриционист во однос на количината и на интервалот на консумирање на мед.
Бројни студии и клинички испитувања докажаа дека медот во својот состав содржи 80% јагленихидрати и 20% вода. Содржи и над 600 компоненти кои имаат благопријатно дејство врз човековиот организам. Во однос на јагленитехидрати, доминира фруктозата, гликозата, малтозата и останатите шеќери. Како витамините, најзастапени се оние од групата Б и Ц. Од минералите, содржи: калиум, калциум магнезиум, натриум и фосфор. Дополнително, содржи и биоактивни компоненти како што се: флавоноиди и полифеноли.