Мени
Вашата кошничка

Медобил Слимси чај

Временска рамка за испорака? Доставата на нарачките на домашна адреса низ целата територија на државата чини 120 денари и се реализира за 2-3 работни дена.
Како да платам за нарачката? Плаќањето за пласираните нарачки на нашиот веб-сајт се врши со платежни картички или во готово при испорака на вашата пратка.
За да направите телефонска нарачка, потребно е да се јавите на телефонот 078 46 46 46. Притоа ги кажувате вашето име и презиме, адреса за достава и телефон за контакт.

Чај наменет за намалување на вишокот килограми. 100% природни продукти, со усовршена формула која гарантира резултати, а во чиј состав, меѓу останатите, влегуваат крушина, глуварче, анасон. Ослабете од 4 до 6 килограми за месец дена без никакви штетни последици по организмот.

Чајот се наметна како нужна потреба според барањата на конзументите бидејќи најголем проблем имаат со откажувањето на оброците доручек и ручек. Чајот го реши овој проблем со тоа што сега ќе можат да јадат, т.е. ќе можат да си го пружат задоволството да доручкуваат и ручаат, а чајот ќе го забрза процесот на варење на храната за три пати и нејзино исфрлање од организмот во наредните 8 до 10 часа. Чајот е 100% природна мешавина, составен од крушина, зајчев трн, корен од глуварче, сладок корен, камилица, сладок анасон и ајдучка трева. Се приготвува и пие половина час после оброците доручек и ручек.

Покрај ефектите на слабеење, овој чај ги забрзува метаболичките процеси, отстранува чувство на подуеност и задршка на гасови во дигестивниот систем, целосно ја елиминира појавата на затвор на столицата, со што постигнуваме редовно празнење на цревата или исфрлање на фецесниот продукт на секои дванаесет часа. Исто така, одлично делува во регулирање на работата на притисокот на осмоза и онкоза (притисоци одговорни за размена на течности, масти и токсини во кожниот систем) при чијшто дисбаланс се појавува паникулопатија (целулит). Чајот Медобил Слимси е единствен на пазарот чијшто состав е 100% природен, без додадени адитиви, конзерванси, вештачки бои, ароми или какви било други синтетизирани творби. Како таков е единствен и по тоа што е производ за слабеење, а притоа го подобрува здравјето на човекот и општата имунобиолошка состојба.

Најголем успех при секое држење диета не е само да ги симнете килограмите, туку и да го сочувате здравјето.

Начин на употреба и препорачана дневна доза

Чајот, го приготвувате на тој начин што една филтер кесичка преливате со 200 ml зовриена вода и ја оставате да отстои 10 минути во покриен сад. Свежо подготвениот чај се прие два пати на ден, 30 минути по доручекот и по ручекот, незасладен. Доколку не е поинаку препишано, се препорачува максимална дневна доза од еден литар чај во времетраење од еден месец, по што се препорачува пауза од две недели. Да не се надминува препорачаната максимална дневна доза.

Препораки за редовната исхрана

За времетраењето на Медобил Слимси диетата препорачуваме исхраната да биде составена од зеленчук, овошје (посебно препорачуваме свеж ананас), супени производи (меѓутоа не од готови супи) и протеини. Течностите да се конзумираат два пати повеќе од вообичаено (чај од шипка, зелен чај, чај од нане и чај од магдонос). Исто така препорачуваме да не се конзумира храна која е приготвена во рафинирано масло (пржена), храна во која има зачини, храна во чиј состав влегува шеќерот и суровиот скроб (компир, ориз, леб од бело брашно).

Безбедност

Од Републичкиот завод за здравствена заштита е категоризиран како додаток во исхраната. Редовно се вршат анализи и испитувања во Ј.З.У. Центар за јавно здравје - Скопје и е одобрен за конзумација со АТЕСТ број 11-2558/1. Одговара на правилникот за исправност и безбедност на храната. 100% македонски производ со ресурси од најчистите еколошки зони.

Предупредувања

Не се препорачува употреба на чајот при бременост и лактација. За употреба на чајот кај деца, консултирајте се со доктор.

Општ преглед на Медобил Слимси чајот
Состав кора од крушина 20%, корен од зајчев трн 20%, корен од глуварче 15%, сладок корен 15%, цвет од камилица 15%, плод од сладок анасон 10%, ајдучка трева 5%
Содржина на пакувањето 20 филтер кесички
Нето тежина 30 g
Производител Произведува за Медобил Груп ДООЕЛ Скопје: Алкалоид АД Скопје