Мешавина од мед и цимет со векови наназад е потврдена лековита комбинација која може да лекува спектар од над 100 заболувања.


Циметот е зачин кој се добива од внатрешната кора од дрвјата под родот цинамом оттука и неговото латинско име Cinnamonum. 

Овој тип на дрвја виреат на места каде има високи температури и влажност,Јужна индија, Шриланка, Јужна Америка, Корабите...


Постојат 2 вида цимет:


- Цејлонски цимет (вистински цимет)


- Кајсија цимет (широко простран и користен)

  

Поделеноста на двата типа доаѓа во зависност од количината на кумарин, која ако се прекорачи како дневен внес може да биде штетна (повеќе ја има во кајсија цимет) иако и двата типа имаат свои здравствени придобивки, цејлонскиот е далеку подобар избор поради помалата количина кумарин, што го прави 100% безбеден по однос на здравјето.



Во сите производи на Медобил во чиј состав се наоѓа цимет се користи цејлонскиот тип.


Циметот е карактеристичен според специфичниот мирис и вкус кој доаѓа од компонентата наречена цинамалдехид.


Според сите научни испитувања и студии токму цинамалдехидот е одговорен за лекувачката моќ и силните позитивни ефекти во метаболичките процеси и здравјето на конзументот.

  

Циметот е особено богат извор на антиоксидативни компоненти како што се полифенолите.


Многу научни белешки според силното дејство, циметот го имаат ставено на листа пред лукот и ориганото, кои се сметаат за безконкурентни по својот антиоксидативен и антивирусен ефект.


Скоро и да нема заболувања врз кои циметот нема позитивен лекувачки ефект, но сепак ќе ги издвоивме најзастапените:


-моќен анти-дијабетик (значително ја намалува инсулинската резистентност)


-го намалува шеќерот за 15 до 20%


- подобрена работа на кардиоваскуларниот систем


-одличен чувар на имуниот систем од вирози и инфекции


-помага во регулирање на обработка и времетраење на варење на храната во системот за дигестија.


- лекува речиси секое заболување кое е предизвикано од оксидативен стрес бидејќи е незаменлив антиосидант кој му помага на организмот да се избори со слободните радикали.


-Циметот е енергетик кој може за период од само месец дена да ја зголеми животната сила и енергија кај луѓето за два пати од тоа што била. (циметот бил основна компонента во храната на градителите на пирамидите во Египет)



Циметот е компонета која се употребува како ресурс при производство на повеќе производи на Медобил, најголема концентрација содржат:


Актив Лајф


Медобил Голд


Мед со цимет и ѓумбир