Зошто потешко слабееме како што старееме

Објавено од stojkovikj 17/01/2018 0 Коментар(и)

Постојат научни причини зошто мажите и жените почнуваат да се дебелеат околу половината со влегувањето во средните години од животот и зошто им е сѐ потешко да ја задржат витката линија и да го симнат вишокот на килограми. Дали знаете за нив?

Според неодамнешни истражувања, на луѓето во средни години, без исклучоци и мажите и жените, навистина им е потешко да ги изгубат наслагите околу стомакот. Дури и оние кои во младоста биле слаби, во средните години можат многу драстично да се прошират.

Др. Нирав Падлија, експерт за слабеење, тврди дека и тогаш може да се регулира тежината, многу полесно отколку што си замислуваме, само треба да сфатиме што води кон дебелеење и да направиме одредени прилагодувања. Со влегувањето во триесеттите години од животот, количината на хормони во телото опаѓа. Тоа е причината зошто и метаболизмот почнува да работи поспоро, а што поспоро работи, луѓето сѐ повеќе се дебелеат. Имено, тогаш се согорува помалку енергија и се акумулираат повеќе масти во телото. Истражувачите открија дека кај просечните мажи и жени тоа предизвикува дополнителни 450 до 900 грама секоја година, и тоа во периодот од 35-тата до 55-тата година од животот.

Ситуацијата кај мажите

Високото ниво на тестостерон е одговорно за одржувањето на виткиот и мускулест изглед кога се млади. Тоа е така затоа што тој машки хормон го врзува масното ткиво и го исфрла од телото и не се акумулира околу половината. Исто така, помага при формирањето на мускулите, го забрзува метаболизмот и го намалува ризикот од појава на дијабетес бидејќи ја одржува чувствителноста на инсулин.

- Но, после 30-тата година, количината на тестостерон природно се намалува за отприлика еден процент годишно - објаснува др. Падлија.

Тоа го поттикнува телото да прибира масти, особено во подрачјето на стомакот, што не е само естетски проблем, туку и здравствен бидејќи го зголемува ризикот од болести на срцето и дијабетес.

Ситуацијата кај жените

Женското тело одржува кревка рамнотежа на прогестерон и естроген во текот на плодниот период од животот. Познато е дека повисокото ниво на естроген го зголемува создавањето на масното ткиво. Кај младите жени, количината на двата хормони е подеднаква. Но, од 35-тата година од животот, застапеноста на двата хормони се намалува, што на крајот води до менопауза (кога престанува менструацијата).

- Меѓутоа, нивото на прогестерон се намалува побрзо, што предизвикува формирање на масни наслаги околу стомакот - додава американскиот експерт осврнувајќи се на темата.

Што друго се случува кај два пола?

Падот на хормоните доведува до намалување на мускулната маса и кај мажите и кај жените. А, бидејќи мускулното ткиво е еден од главните потрошувачи на глукоза во телото, доаѓа до потешко губење на вишокот калории што води до трупање на наслаги на стомакот. Кога постои намалување на мускулната маса, телото не ги обработува јагленохидратите делотворно, па треба да се внимава да не се јаде премногу.

Најдобри начини за одржување на витка линија се: внесување на повеќе протеини, а помалку јагленохидрати, поголема активност на мускулите, намалување на стресот, помалку седење на столица, повеќе прошетки во природа и подобрување на квалитетот на сонот.

Што ако веќе имате проблем со килограмите?

Овде настапува Медобил Слимс, 100% природен препарат, македонски производ со ресурси од најчистите еколошки зони, наменет за намалување на телесната тежина. Претставува совршен спој на апи (пчелини) и фито (билни) елементи, концентриран производ во средно желатинозна форма, со чија конзумација можете да ослабете до 15 килограми за само 30 дена. Се пие според шема, заменувајќи одреден оброк во денот. Нема штетно дејство по здравјето, а прави детоксикација на организмот. По завршувањето на третманот со Медобил Слимс, добивате здраво, витално и прочистено тело. Доколку се конзумира според упатството, се постигнува слабеење по еден килограм на три или четири дена. Од Републичкиот завод за здравствена заштита е категоризиран како додаток во исхраната. Редовно се вршат анализи и испитувања во Ј.З.О. Завод за здравствена заштита - Скопје и е одобрен за конзумација. Одговара на правилникот за исправност и безбедност на храната. Прочитајте повеќе за производот »

Во моментот нудиме 30% попуст на Медобил Слимс, па така можете да го нарачате за 1750 денари. Но, и тоа не е сѐ! Дополнително, како подарок можете да изберете еден од производите антицелулитен гел, антицелулитен крем и антицелулитно масло - сите во производство на Медобил.