Останете во тек со нашите промоции и заштедете!

Актив Лајф

-10% Актив Лајф

Актив Лајф е природен тоник кој спаѓа во категоријата додаток во исхраната и како таков е целосно безбеден и благотворен за секојдневна конзумација.

Негов пропратен медицински ефект е: регулирање на крвниот притисок, намалување на ЛДЛ лошиот холестерол во крвта, намалување на мастите во крвта, детоксицирање на целиот организам и подобрување на општата имуно-биолошка состојба. Главни суровини се јаболков сок, прополис и билни екстракти од мента, камилица, босилек и анасон.

Начин на употреба

Секое утро и навечер пред легнување по една супена лажица од тоникот растворате во 200 ml ладна вода и го пиете.

Продукт директно од природата

Актив Лајф е 100% природен тоник во чиј состав главна застапеност има ферментираниот јаболков сок добиен при строго контролиран процес на вриење со што се сочувани највредните состојки, од кои ќе ги издвоиме инулинот, витамините, овошните киселини и посебно важниот пектин – сврзувачка супстанца во клетките на плодовата срцевина. По сложените технолошки преработки, нашиот тоник содржи чист пектин од јаболко. Пектинот на нашиот организам дејствува како балансна материја, го стимулира варењето на храната и ги штити ѕидовите на тенкото и дебелото црево од воспалителни процеси. Тоа е од значење за излачување на отровите, како на пример тешките метали и оловото.

Јаболковиот пектин заедно со биофлавонидите делува антиоксидантно и помага при дејството на витаминот Ц, кој е важен за метаболизмот и сврзувањето со желудочниот сок во кој се сврзува и холестеролот. При вакво ново образување на желудочна течност ќе се намали и нормализира холестеролот во крвта, што ќе доведе до подобра проточна способност на крвта давајќи висока заштита на крвните садови од таложење на наслаги – калцирање.

Исто така, од исклучително значење е количеството на калиум (100–140 mg/ml) и многустраното дејство врз човечкиот организам. При недостаток на калиум, срцето и крвните садови работат ослабнато, мускулите атрофираат, се чувствува малаксаност и настанува потполна апатија – загуба на животната и работната енергија.

Калиумот има важно дејство врз отстранување на течностите од организмот, односно ги елиминира отровите преку уринарно отстранување. Збогатен е и со натурален прополис кој делува антифлогистично и антисептично на голем број грампозитивни и грамнегативни бактерии, обновувајќи ја слузокожата на ѕидот на желудникот и тенкото црево. И како хербална дополнителна моќ се додадени силно позитивни фитоекстракти, меѓу кои: Betulae, Salvia officinalis, Thymus serpilum, Urtica dioica, Mentha piperita, Rosmarinus и Taraxacum officinale. Овие екстракти ги елиминираат насобраните штетни течности и материи, ја подобруваат циркулацијата, го поттикнуваат излачувањето на урината и потта, подобрувајќи го сјајот и изгледот на кожата, го стимулираат метаболизмот отстранувајќи констипација (затвор на столица), помагаат во разградување на мастите од бубрезите и жолчката.

Актив Лајф во целост ја задржува својата боја, киселост и вкус. Гарантирано не содржи вештачки бои, конзерванси и адитиви. Станува збор за продукт директно од природата, на кој ние само му направивме најдобар избалансиран спој од јаболков сок, прополис и билни екстракти. Како таков, тој важи за најдобар природен тоник за детоксикација. Се конзумира еден час наутро пред првиот оброк и еден час пред спиење. Пакувањето од 500 ml концентриран тоник е количина доволна за 40 дена конзумација.

Редовно се вршат лабараториски анализи и контроли во Ј.З.О. Завод за здравствена заштита - Скопје и примерокот одговара на правилникот за безбедност на храната.

Важна напомена: Не смее да го конзумираат трудници и доилки, како и деца под 5 годишна возраст.

Општ преглед
Состојкијаболков сок, прополис и билни екстракти од мента, камилица, босилек и анасон
Нето тежина500 ml
ПроизводителМедобил Груп
Нутритивни вредности
Енергетска вредност17,01 kJ / 100 g
Протеини0,16%
Јаглехидрати0,84%
Масти0,01%
Вкупно киселини (g/l)72.000

Напиши рецензија

Забелешка: HTML не се преведува!
    Незадоволително           Одлично
Ја наградуваме вашата доверба
Во декември, 10% попуст на сите продукти во производство на Медобил Груп.
Новогодишен попуст
Погледнете ги празничните промо пакети со кои заштедувате до 60%.
  • Прегледи: 466
  • Бренд: Медобил Груп
  • Код на продуктот: MG011
  • Достапност: Има залиха
Побрзајте! Понудата истекува за:
  • 1,100 ден.
  • 990 ден.
Временска рамка за испорака
Доставата на нарачките се реализира за 2-3 работни дена преку Брза Пратка.
Дали може да се предомислам?
Продажбите се конечни и нерефундабилни. Ве молиме прочитајте повеќе.

Ознаки: медобил, здравје, крвен притисок, холестерол, масти, детоксикација, имунитет, тоник, јаболков сок, прополис, мента, камилица, босилек, анасон