Антицелулитен гел
Медобил гелот за третман на целулит е подготвен од внимателно селектирани растителни екстракти од бршлен и силни антиоксиданси од гинко билоба и зелен чај. Растителните екстракти потпомагаат да се забрзаат метаболните процеси во деловите зафатени со целулит и воедно го забрзуваат процесот на елиминација на целулитот преку ослободувањето на токсините и задршката на течности од местата зафатени со целулит.
Препорачан начин на употреба
За побрз и поефективен резултат нанесувајте го гелот на свежо истуширана и влажна кожа. Нанесете го гелот на зафатените делови и масирајте сѐ додека целосно не се впие. Третирајте ги нозете, стомакот, колковите и рацете со нежни кружни движења. Постапката правете ја наутро и навечер и бидете физички активни најмалку еден час со што ќе го забрзате разградувањето на целулитот и ослободувањето на токсините.
Општ преглед | |
Состојки | вода, глицерин, етанол, пропилен гликол, екстракт од лист на алое вера, екстракт од бршлен, екстракт од гинко билоба, екстракт од зелен чај, карбомер, триетаноламин, парфем, 2 бромо - 2 нитропропан - 1,3 диол |
Нето тежина | 100 ml |
Производител | Медобил Груп |