ПРЕПАРАТИ ЗА НАДВОРЕШНА И ВНАТРЕШНА ЕСТЕТИКА И ЗДРАВЈЕ
Брендот Медобил постои од 2001 година и оттогаш активно работи на изнаоѓање и усовршување формули на препарати за надворешна и внатрешна естетика и здравје, со максимални ефекти кај сите индивидуи – конзументи на нашите производи.

На чело на компанијата е сопственичката Наталија Ангелиус (едукативна наобразба – експерт по диететика, со бројни меѓународни признанија и сертификати, а нејзините предци, вклучително и таа самата, се апитерапевти – професионални пчелари од 1865 година), која во исто време е и иноватор на заштитената стопанска марка, патентирано име и технологија – брендот Медобил.

Медобил како компанија се наметна на домашниот и на регионалниот пазар како лидер со докажан асортиман на производи за слабеење и нега на убавината. Како и изминатите години, така и во иднина, ќе продолжиме со одговорна и посветена работа во доменот кој го опфаќаме и адресирање на побарувањата од нашите купувачи и конзументи.

Нашето седиште е во центарот на Скопје, во ГТЦ на 2 кат/локал 318, каде се водат сите комерцијални активности. Производството е во индустриската зона Карпош во Куманово, најчистот еколошки регион, каде работи тим од неколку десетици лаборанти, фармацевти и хемиски техничари со големо работно искуство и бројни признанија за својот труд.

Наталија Ангелиус, основачката и менаџерката на Медобил Груп, беше прогласена за дама на годината за 2018 во регионот, признание за нејзината работа, придонес и креативност. Погледнете го интервјуто со неа во утринската програма на телевизија Телма каде говори за патот до успехот, инспирацијата и асортиманот на производи.

Прочитајте повеќе

Сведоштва