Мени
Вашата кошничка
Продажбата на производите од асортиманот на Медобил Груп од 1 мај 2019 година оди преку дистрибутер. Повеќе информации на нашата фејсбук страница.

Крем против стрии

Крем против стрии
За да направите телефонска нарачка, потребно е да се јавите на телефонот 078 46 46 46. Притоа ги кажувате вашето име и презиме, адреса за достава и телефон за контакт.
290 ден.
  • Код на продуктот: MG004
Прегледи: 20053
Временска рамка за испорака? Доставата на нарачките на домашна адреса низ целата територија на државата чини 120 денари и се реализира за 2-3 работни дена.
Како да платам за нарачката? Плаќањето за пласираните нарачки на нашиот веб-сајт се врши со платежни картички или во готово при испорака на вашата пратка.

Кремот на Медобил против стрии е луксузен крем за нега и потхрана на кожа склона кон појава на стрии. Со редовното користење на овој крем против стрии, видно ќе ги намалите и отстраните стриите и значајно ќе ги намалите сите белези на вашето тело. Природните состојки и масла од кремот исто така делуваат и врз структурата на кожата така што ја омекнуваат, мазнат и влијаат на заздравувањето на лузните.

Главни состојки на кремот се растителни масла од бадем, маслинка, сончоглед, невен, камилица, гинко билоба и зелен чај.

Препорачан начин на употреба

Секое утро и навечер на свежо истуширана кожа нанесете го кремот на стомакот, задникот, колковите и градите и нежно втријте го во кожата. Погоден е за лица со нежна и осетлива кожа склона кон појава на стрии, бремени жени во тек на целата бременост, млади во период на брз раст и лица кои варираат во тежината. Со редовна и секојдневна употреба кожата ќе ја одржува потребната влажност и еластичност со што ќе се намали појавата на стрии, а веќе постоечките ќе станат помалку забележливи.

Општ преглед
Состојки растителни масла од бадем, маслинка, сончоглед, невен, камилица, гинко билоба и зелен чај
Нето тежина 100 ml
Производител Медобил Груп