Мени
Вашата кошничка
Продажбата на производите од асортиманот на Медобил Груп од 1 мај 2019 година оди преку дистрибутер. Повеќе информации на нашата фејсбук страница.

Слиминг термо крем

Слиминг термо крем
За да направите телефонска нарачка, потребно е да се јавите на телефонот 078 46 46 46. Притоа ги кажувате вашето име и презиме, адреса за достава и телефон за контакт.
170 ден.
  • Код на продуктот: MG010
Прегледи: 25511
Временска рамка за испорака? Доставата на нарачките на домашна адреса низ целата територија на државата чини 120 денари и се реализира за 2-3 работни дена.
Како да платам за нарачката? Плаќањето за пласираните нарачки на нашиот веб-сајт се врши со платежни картички или во готово при испорака на вашата пратка.

Слиминг термо кремот на Медобил е одлично средство за третман на целулит и корекција на вишокот килограми. Во неговиот состав влегуваат коприва, бозел, боровница и розова пиперка. Идеален за користење во комбинација со нашите препарати Медобил Слимс или Медобил Голд доколку сакате да го забрзате процесот на слабеење.

Начин на употреба

Кремот нанесете го на деловите од телото зафатени со целулит - „проблематичните делови од телото“ - и местата каде што има евидентно зголемена телесна маса, втријте го со помош на блага масажа, а потоа завиткајте го намачканото место со фолија, преку која ќе облечете топла облека. Оставете ја фолијата на телото до 40 минути. За тоа време може да се релаксирате или за подобри и побрзи резултати може да се движите, да шетате или да применувате лесни вежби. Постапката се применува 2-3 пати неделно.

Предупредување

Само за надворешна употреба. Не смее да се нанесува на отворени кожни рани, на кожа која се лупи, на места зафатени со какво било кожно заболување. Не смее да ја користат лица со многу осeтливи капилари, оштетени вени или какво било нарушување на крвотокот на нозете. Не смее да се нанесува на слузница или на места кои се со видлив надворешен оток и подлив. Ако ги допрете очите веднаш измијте ги со доволно количина на вода.

Општ преглед
Состојки коприва, бозел, боровница и розова пиперка
Нето тежина 50 ml
Производител Медобил Груп