Останете во тек со нашите промоции и заштедете!

Медобил Слимс

-10% Медобил Слимс

Медобил Слимс е 100% природен препарат - на база на мед, прополис, матичен млеч, цимет, лен, рен, ѓумбир и билни екстракти - наменет за намалување на телесната тежина. Доколку се конзумира според упатството, со него се постигнува ефективно слабеење односно губење на килограмите, по еден килограм на три или четири дена.

Благодарение на неговиот 100% природен состав, овој производ смеат да го конзумираат деца со наполнети дванаесет години, доилки после навршувањето на четвртиот месец од периодот на лактација, лица со дијагностициран дијебетес (доколку не се на инјектирање на инсулин) и целата останата популација.

Медобил Слимс може да се конзумира и само како додаток во исхраната, за подобрување на имуно-биолошкиот систем (имунитетот).

Какво е дејството на Медобил Слимс?

Препаратот делува директно и секундарно на дигестивниот систем. Темелно ги прочистува цревните ресички, со што ја забрзува вибрацијата на самиот метаболички процес на оксидација и така директно делува на процесот на метаболичка детоксикација. Ваквото прочистување му помага на цревниот тракт, како и на осмотскиот и онкотскиот притисок да се избалансираат и постепено да го отстранат зголемениот липиден статус (масните резерви), со што на природен и здрав начин се постигнува слабеење.

Совршен спој на апи (пчелини) и фито (билни) елементи

Медобил Слимс е концентриран производ во средно желатинозна форма, во чиј состав спаѓаат: мед (селектиран исклучиво за диететика), натурален прополис, матичен млеч, 19 типа билни екстракти и пет типа на билки со надземен дел – стебло и лист. Од фито елементите ќе наведеме само неколку, а подолу ќе ги разгледаме и апи елементите.

Циметот (cinnamomum) е најпознато и најбарано растение, кое во својот состав содржи: калциум, железо, восок, растителни влакна, манган, метилхидроскид-халкон-полимер, курамин, минерали, танини, како и витаминте Ц, К, Б6 (пиродоксин) и Б2 (рибофлавин), со антивирозно, антивоспалително, хипотермично, фунгицидно дејство. Брзо ги разградува мастите и холестеролот, го намалува процентот на шеќер во крвта и ги регулира циркулацијата и крвниот притисок. Ѓумбирот (zingiber) е билка со антибактериски состав, која содржи витамин Ц, Б6, калиум, магнезиум, манган, железо, натриум, фосфор, фолна киселина, етерични масла и смоли. Тој ја регулира циркулацијата, го отстранува целулитот и ја подобрува перисталтиката. Помага при намалување и ублажување на тегобите и грчевите во дигестивниот систем, поттикнува подобрување на циркулаторниот систем, ја подобрува работата на жолчката, а познат е и по своето афродизијачко дејство. Ренот (armoracia rusticana или cochlearia armoracia) е моќен чувар на човековото здравје - вистинска заштита за целиот кардиоваскуларен систем. Во себе содржи висока количина на калиум, калциум, магнезиум, глутамин, фосфор, глукоза и етерични масла. Ленот (linum usitatissimum) во составот изобилува со хранливи материи, омега-3, омега-6 масни киселини, витамин Ц, Б1, Б2, железо и цинк. Совршен за подобрување на размената на липидните процеси во телото и за превенција од низа заболувања. Анасонот (pimpinella anisum) ги смирува контракциите во стомакот и го подобрува варењето, додека камилицата (chamomilla) го отстранува чувството на замор, малаксаност и психичка напнатост. На листата се вбројуваат и: крушина (frangula) – делува на лачењето на жолчниот сок и против констипација (затвор на столица); трнинка (spinosa prunus) – многу позната по својот антивоспалителен ефект кај бубрежната функција, со што ја отстранува задршката на вода од телото; и лаванда (labiatae) – ги елиминира грчевите од нервно потекло, против горчливост во устата и како дигестивен седатив. Уште еднаш напоменуваме, ова се само дел од билните екстракти. Важно и заедничко за сите нив е дека содржат танин, рутин, самбунергин, гликозид, смола, бетаин, пектин, аспарагин, фосфати, камфор, линамолм, пинеол, скоро сите витамини од групата Б и витамин Ц. Со ваков спој, овие билни елементи со сигурност ги уништуваат негативните бактерии и микроорганизми.

Медот, по низа лабораториски селекции, е доведен до совршен баланс за конзумација. Само за илустрација ќе ви го прикажеме хемискиот состав - во 1277 kJ има: фруктоза, гликоза, полисахариди, дисахариди, преку 50 вида ензими кои дејствуваат во размена на материи во организмот, витамини (B1, B2, B3, B5, B6, B12, C, К, Е, H,P, рутин), провитамин А (20 пати повеќе од морковот), минерали (Fl, K, Mg, Ca, P, Cu, Zn, Ag, Al, Ni, Co, Au, Ti) и други траги на микроелементи, како и рибонуклеинска и дезоксирибонуклениска киселина.

Прополисот кој важи за незаменлив природен антибиотик е собиран од преку 300 типа на флорини стебла. Инаку, порано тој служел за мумифицирање. Неговото име потекнува од грчките зборови PRO – пред и POLIS – град, а доаѓа од тоа што пчелите со прополисот го стеснуваат влезот во пчелиниот град за сите несакани гости. Со прополисот пчелите ги заѕидуваат пукнатините во кошницата, ги прицврстуваат гредите на рамките на жлебовите на својот восочен дворец, ги полираат ќелиите на саќето кои служат како складишта за мед и поленов прав, како и колевка за ларви. Со прополисот пчелите го обложуваат усмртените животинки кои продреле во кошницата (гуштери, змии и глувци) и на тој начин го спречуваат распаѓањето и трулењето на лешевите, па со тоа го спасуваат многубројното пчелино население во кошницата од непријатната реа и бактериската флора. Прополисот е најпозната антибактериска смола која има најуспешно дејство на голем број грампозитивни и грамнегативни бактерии. Покрај другите моќи, го издвојуваме неговото антифлогистичко дејство на слузокожата на желудникот и цревниот тракт, што значи ќе делува исцелително доколку има раничка на слузокожата т.е гастритна појава.

За матичниот млеч ќе наведеме само еден пример кој многу говори: тој е храна на пчелата матица. Пчелата-работничка живее најмногу 36 дена, а матицата од 7 до 9 години.

Конзументите, по завршување на третманот со Медобил Слимс, добиваат здраво, витално и прочистено тело. Ефектот е траен, а килограмите не се враќаат.

Начин на употреба

Во 150 ml млака вода се раствора една кесичка од Медобил Слимс. Добро се промешува и се пие голтка по голтка, во интервали од една минута или вкупно времетраење од 10 минути. На овој начин заменувате еден или два оброка дневно, според шемата приложена во упатството. Растојанието меѓу оброците треба да изнесува три или четири часа и во тој период не треба да се внесува никаков вид на соџваклива храна. Последниот оброк може да го конзумирате најдоцна до 19 часот. За брзо и сигурно губење на вишокот килограми, треба прецизно да се придржувате до дадената табела. Едно пакување Медобил Слимс содржи 45 кесички, кои се конзумираат по шема во период од 30 дена.

Важна напомена

Препаратот не смеат да го конзумираат лица кои се алергични на мед или прополис, бремени жени, деца под дванаесет години, доилки до четири месеци лактација, лица со дијабет кои инјектираат инсулин, лица кои се на посебен медицински третман. Препаратот предизвикува зголемување на телесната тежина доколку се конзумира заедно со оброк.

Безбедност

Од Републичкиот завод за здравствена заштита е категоризиран како додаток во исхраната. Редовно се вршат анализи и испитувања во Ј.З.О. Завод за здравствена заштита - Скопје и е одобрен за конзумација. Одговара на правилникот за исправност и безбедност на храната. 100% македонски производ со ресурси од најчистите еколошки зони.

Општ преглед
Состојкимед, прополис, матичен млеч, анасон (pimpinella anisum), цимет (cinnamomum), жалфија (salvia officinalis), босилек (ocimum basilicum), нане (menta peperita), овчарска торбичка (capsella bursa pastoris)
Нето тежина225 g (45 кесички x 5 g)
ПроизводителМедобил Груп
Нутритивни вредности
Порција5 g
Енергетска вредност15,25 kcal / 63,85 kJ
Белковини0,103
Јаглехидрати3,626
Редуктивни шеќери3,462
Масти0
Масни киселини0

Напиши рецензија

Забелешка: HTML не се преведува!
    Незадоволително           Одлично
Ја наградуваме вашата доверба
Во декември, 10% попуст на сите продукти во производство на Медобил Груп.
Новогодишен попуст
Погледнете ги празничните промо пакети со кои заштедувате до 60%.
  • Прегледи: 624
  • Бренд: Медобил Груп
  • Код на продуктот: MG005
  • Достапност: Има залиха
Побрзајте! Понудата истекува за:
  • 1,980 ден.
  • 1,782 ден.
Временска рамка за испорака
Доставата на нарачките се реализира за 2-3 работни дена преку Брза Пратка.
Дали може да се предомислам?
Продажбите се конечни и нерефундабилни. Ве молиме прочитајте повеќе.

Ознаки: медобил, здравје, слабеење, целулит, цимет, ѓумбир, рен, лен, мед, прополис, матичен млеч