Бидете во тек со нашите промоции и попусти!

Нашиот калкулатор на индекс на телесна маса (ИТМ) ќе ви открие дали имате здрава тежина или можеби е време за слабеење. Повеќе инфо »

Медобил Слимси

Нема залиха Медобил Слимси

Калкулатор на индекс на телесна маса и идеална тежина

Нов сет производи наменет за намалување на вишокот килограми. 100% природни продукти, со усовршена формула која гарантира резултати, а во чиј состав, меѓу останатите, влегуваат крушина, глуварче, анасон, спирулина и цимет. Ослабете до 15 килограми за месец дена без никакви штетни последици по организмот.

После петгодишен труд, со изведени над 25 опити и добиени формули, ја избравме најдобрата која даде најбрзи резултати кај испитаниците, притоа подобрувајќи ја нивната општа здравствена состојба, а според испитувањата на Заводот за здравство доби најопсежна табела на нутритивни и енергетски вредности.

Од сите наши сетови досега, ова е прв сет производи кој содржи чај (трите помали пакувања на фотографијата). Чајот се наметна како нужна потреба според барањата на конзументите бидејќи најголем проблем имаат со откажувањето на оброците доручек и ручек. Чајот го реши овој проблем со тоа што сега ќе можат да јадат, т.е. ќе можат да си го пружат задоволството да доручкуваат и ручаат, а чајот ќе го забрза процесот на варење на храната за три пати и нејзино исфрлање од организмот во наредните 8 до 10 часа. Чајот е 100% природна мешавина, составен од крушина, зајчев трн, корен од глуварче, сладок корен, камилица, сладок анасон и ајдучка трева. Се приготвува и пие половина час после оброците доручек и ручек.

Како што веќе напоменавме, од претходните опити, препаратот Медобил Слимси (во поголемото пакување на фотографијата) е најсилна и најмоќна хомогенизирана синтеза на мед, матичен млеч, прополис, перга, цимет, ѓумбир, лен, уште 13 билни екстракти и голема количина на органска спирулина. Спирулината за прв пат е застапена во наш производ бидејќи е продукт (билка) со богат извор на хранливи состојки со концентрација поголема од која било храна (зеленчук, овошје, семе или билка), а притоа е најполезна за човечкиот организам.

Главното што сакаме да го истакнаме, што ја издвојува од сите други компоненти на планетава и што го има само и единствено во спирулината е количината на железо кое го има 23 пати повеќе отколку во спанаќот, калциумот кој го има 300% повеќе отколку во млекото, бета-каротенот (винамин А) кој го има 25 пати повеќе отколку во морковот и единствено во спирулината има доволна количина на линолеинска киселина, која освен во спирулината ја има само во мајчиното млеко. Дополнително содржи растителни протеини (околу 63%) 3-4 пати повеќе од говедското месо и 5 пати повеќе од јајцето. Со својот состав и широк спектар на хранливи состојки, спирулината ги воодушевува нутриционистите и диететичарите ширум светот. Природата во спирулината, која на планетата постои 3 милијарди години, споила преку 4000 хранливи состојки кои се од витално значење за човечкиот организам и многу блиски до нашиот код и ДНК. Спирулината е и најголем содржател на Б витаминот, особено Б12, Б1, Б2, Б3, Б6 и еден од најретките - Б17, потоа минерали, железо, цинк, селен, магнезиум, калциум и фосфор, есенцијални масни киселини, особено омега 3 и омега 6, и ГЛА (гама-линолеинска киселина). Таа исто така е единствен содржател на пигменти кои помагаат во синтезата на ензимите потребни за регулирање на метаболизмот (посебно корисно во нашиот случај со слабеењето), а најважни пигменти се фикоцијанинот кој го стимулира и зајакнува имуниот систем и хлорофилот (зелена крв), одличен како прочистувач на нашиот организам и единствен кој по состав е ист со хемоглобинот на нашата крв.

Покрај ефектите на слабеење, овој наш сет ги забрзува метаболичките процеси, отстранува чувство на подуеност и задршка на гасови во дигестивниот систем, целосно ја елиминира појавата на затвор на столицата, со што постигнуваме редовно празнење на цревата или исфрлање на фецесниот продукт на секои дванаесет часа. Исто така, одлично делува во регулирање на работата на притисокот на осмоза и онкоза (притисоци одговорни за размена на течности, масти и токсини во кожниот систем) при чијшто дисбаланс се појавува паникулопатија (целулит). Сетот Медобил Слимси е единствен на пазарот чијшто состав е 100% природен, без додадени адитиви, конзерванси, вештачки бои, ароми или какви било други синтетизирани творби. Како таков е единствен и по тоа што е производ за слабеење, а притоа го подобрува здравјето на човекот и општата имунобиолошка состојба.

Најголем успех при секое држење диета не е само да ги симнете килограмите, туку и да го сочувате здравјето.

Начин на употреба и препорачана дневна доза

Содржината на една 5-грамска кесичка од препаратот се раствора во 150 ml млака вода, добро се промешува и се пие голтка по голтка во текот на 10 минути. На овој начин заменувате еден оброк дневно, оброкот е исклучиво вечерата. Доручек и ручек земате нормално без селекција на храната. Последниот оброк може да го конзумирате најдоцна до 17 часот. Слимси ја заменува вечерата и како напиток го пиете два до три часа пред спиење. Чајот, пак, го приготвувате на тој начин што една филтер кесичка преливате со 200 ml зовриена вода и ја оставате да отстои 10 минути во покриен сад. Свежо подготвениот чај се прие два пати на ден, 30 минути по доручекот и по ручекот, незасладен. Доколку не е поинаку препишано, се препорачува максимална дневна доза од еден литар чај во времетраење од еден месец, по што се препорачува пауза од две недели. Да не се надминува препорачаната максимална дневна доза.

Препораки за редовната исхрана

За времетраењето на Медобил Слимси диетата препорачуваме исхраната да биде составена од зеленчук, овошје (посебно препорачуваме свеж ананас), супени производи (меѓутоа не од готови супи) и протеини. Течностите да се конзумираат два пати повеќе од вообичаено (чај од шипка, зелен чај, чај од нане и чај од магдонос). Исто така препорачуваме да не се конзумира храна која е приготвена во рафинирано масло (пржена), храна во која има зачини, храна во чиј состав влегува шеќерот и суровиот скроб (компир, ориз, леб од бело брашно).

Безбедност

Од Републичкиот завод за здравствена заштита е категоризиран како додаток во исхраната. Редовно се вршат анализи и испитувања во Ј.З.У. Центар за јавно здравје - Скопје и е одобрен за конзумација со АТЕСТ број 11-2558/1. Одговара на правилникот за исправност и безбедност на храната. 100% македонски производ со ресурси од најчистите еколошки зони.

Предупредувања

Препаратот Слимси не смеат да го употребуваат лица со позната преосетливост на некоја од составните компоненти, бремени жени, деца под 12-годишна возраст, доилки до четвртиот месец на лактација, лица со дијабет кои примаат инсулин, лица кои се на посебен медицински третман. Во сите други случаи ако се појави вртоглавица, чувство на гадење, апатичност или дијареа (подолго од 3 дена) прекинете со користење на Слимси. Не се препорачува употреба на чајот при бременост и лактација. За употреба на чајот кај деца, консултирајте се со доктор.

Општ преглед на Медобил Слимси препаратот
Состав 1 кесичка од 5 g содржи: мед, прополис, матичен млеч, спирулина, анасона (pimpinella anisum), цимет (cinamonum), жалфија (salvia officinalis), босилек (ocimum basilicum), нане (menta piperita), овчарска торбичка (capsella bursa pastoris)
Содржина на пакувањето 30 кесички
Нето тежина 150 g (30 кесички х 5 g)
Производител Медобил Груп ДООЕЛ Скопје
Општ преглед на Медобил Слимси чајот
Состав кора од крушина 20%, корен од зајчев трн 20%, корен од глуварче 15%, сладок корен 15%, цвет од камилица 15%, плод од сладок анасон 10%, ајдучка трева 5%
Содржина на пакувањето 20 филтер кесички
Нето тежина 30 g
Производител Произведува за Медобил Груп ДООЕЛ Скопје: Алкалоид АД Скопје
Поради големата побарувачка, во моментов нема залиха од производот. Новата залиха се очекува да пристигне на 1 март 2019 година. Сепак, како би направиле резервација, во меѓувреме можете да пласирате нарачки од производот.
За да направите телефонска нарачка, потребно е да се јавите на 078 46 46 46. Притоа ги кажувате вашето име и презиме, адреса за достава и телефон за контакт.
Производот е класифициран како додаток во исхраната, одговара на Правилникот за општите барања за безбедност на храната и е одобрен за конзумација.
  • Прегледи: 8462
  • Бренд: Медобил Груп
  • Код на продуктот: MG018
  • Достапност: Нема залиха
  • 2,500 ден.

Достапни опции

Временска рамка за испорака? Доставата на нарачките на домашна адреса низ цела Македонија чини 120 денари и се реализира за 2-5 работни дена.
Како да платам за нарачката? Плаќањето за пласираните нарачки на нашиот веб-сајт и телефонски се врши во готово при испорака на вашата пратка.

Ознаки: медобил, здравје, слабеење, целулит, мед, прополис, матичен млеч, анасон, спирулина, цимет, жалфија, босилек, нане, овчарска торбичка, крушина, глуварче, зајчев трн, сладок корен, камилица, ајдучка трева