Оваа политика за приватност опишува како ракуваме со вашите лични информации за нашите продукти и услуги на веб-сајтот на Медобил Груп. Се однесува генерално на информациите кои се прибираат на веб-сајтот medobil.com (понатаму „веб-сајтот“) или преку користење на нашите услуги.

Со прифаќањето на нашите Правила за користење на услугите и следствено нашата Политика за приватност која е составен дел од истите, вие експлицитно се согласувате со прибирањето, складирањето, користењето и откривањето на вашите лични информации на начини кои се подолу опишани во оваа Политика за приватност. За новите корисници оваа Политика за приватност стапува на сила со прифаќањето на истата, а инаку е на сила од 25 мај 2018 година.

Нашето работење е усогласено со барањата содржани во Општата регулатива за заштита на податоци (ОРЗП) на Европската Унија. Нашиот веб-сајт, продукти и услуги се сите насочени кон луѓе кои се на возраст од најмалку 18 години и постари.
ШТО ПРАВИМЕ СО ВАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ?
Кога ќе купите нешто од нашата продавница, како дел од процесот на купување и продавање, ние прибираме лични информации што ги внесувате, како што се вашето име и презиме, адреса, телефон за контакт и адреса на е-пошта. Овие податоци се користат исклучиво за процесирање на вашата нарачка, во смисла наплата и достава на истата.

Кога ја разгледувате нашата продавница, ние автоматски ја добиваме адресата на интернет протоколот на вашиот компјутер (скратено: IP-адреса) со цел да прибавиме информации кои ни помагаат да дознаеме повеќе за вашиот веб-прелистувач и оперативен систем.

Маркетинг преку е-пошта: Со ваша дозвола, исто така можеме да ви испраќаме е-пораки во врска со нашата продавница, новите продукти и други вести.

Ако нѐ контактирате преку формуларите на нашиот веб-сајт или преку е-пошта, со самата кореспонденција ги добиваме вашето име и адреса на пошта, како и други содржини вклучени во е-пораката, а како би биле во можност да ви одговориме на дописот.

Нашата примарна цел за собирање на лични податоци е да ви овозможиме безбедно, непречено, ефикасно и оптимизирано искуство. Вие се согласувате дека можеме да ги користиме вашите лични податоци за следните намени: - за да се олесни креирањето и осигура безбедноста на вашата корисничка сметка на нашиот веб-сајт;
- за да ве идентификуваме како корисник во нашиот систем;
- за да ви испратиме е-порака за верификација на сопственоста на адресата на е-пошта внесена при креирањето на вашата корисничка сметка;
- за да ви одговориме на вашите дописи поврзани со работни огласи и други барања;
- за да ви пружиме услуги и корисничка поддршка на ваше барање;
- за решавање на спорови, наплата на парични побарувања и решавање на проблеми;
- за спречување, детекција и истрага на потенцијално забранети или нелегални активности, како и за спроведување во практика на Правилата за користење на услугите;
- за оптимизирање, мерење и подобрување на нашите услуги и содржини;
- за да ве известиме за нашите продукти, услуги и промотивни понуди врз основа на вашите подесувања за комуникација;
- за споредување на информациите заради проверка на точноста и нивна верификација со трети страни; и
- за други намени опишани при прибирањето на информациите.
СОГЛАСНОСТ
Како ја добивате мојата согласност?
Кога внесувате лични информации за да ја комплетирате трансакцијата, за да ја верифицирате вашата платежна картичка, за да пласирате нарачка, за да организирате испорака или за да направите рекламација на продуктот, ние подразбираме дека се согласувате со нашето прибирање на истите и нивно користење за оваа конкретна намена. Доколку ги побараме вашите лични информации од друга причина, како маркетинг, директно ќе побараме од вас експлицитна согласност или ќе ви дадеме можност да кажете не.

Како да ја повлечам мојата согласност?
Доколку откако сте се одлучиле, се премислите, можете во секое време да ја повлечете вашата согласност за да ве контактираме и за континуирано прибирање, користење или откривање на вашите информации, така што ќе ни пишете на нашата е-пошта info@medobil.com.
ОТКРИВАЊЕ
Можеме да ги откриеме вашите лични информации доколку сме обврзани со закон да го сториме тоа или доколку ги прекршите нашите Правила за користење на услугите.
УСЛУГИ ОД ТРЕТИ СТРАНИ
Општо земено, давателите на услуги кои ги користиме ќе ги прибираат, користат и откриваат вашите информации само до степен неопходен да им се овозможи да ги извршат услугите што ни ги обезбедуваат (како на пример компанијата за поштенски услуги Брза Пратка со која имаме склучено договор за испорака на нарачките кои ги пласираат купувачите преку нашиот веб-сајт или по телефонски пат).
Меѓутоа, одредени даватели на услуги, како што се процесорите на трансакции со платежни картички преку интернет, имаат нивни сопствени политики за приватност во однос на информациите кои сме должни да им ги обезбедиме за вашите трансакции при пазарењето. За овие даватели на услуги, препорачуваме да ги прочитате нивните политики за приватност како би можеле да го разберете начинот на кој ќе ракуваат со вашите лични информации. Штом ја го напуштите веб-сајтот на нашата продавница или бидете пренасочени до веб-сајт или апликација на трета страна, повеќе не важи оваа Политика за приватност или нашите Правила за користење на услугите.
Линкови
Кога ќе кликнете на некои линкови на нашата продавница, тие може да ве насочат надвор од нашиот сајт. Ние не сме одговорни за практиките околу приватноста на вашите информации на другите сајтови и ве охрабруваме да ги прочитате нивните политики за приватност.
ЛОГОВИ
Како и многу други веб-сајтови, нашиот веб-сајт користи логови за следење на интернет-сообраќајот. Логовите се бази на податоци што содржат информации како IP-адресата, веб-прелистувачот, интернет провајдерот, времето на вчитување, документите консултирани од страна на веб-прелистувачот, влезната и излезната страница, како и некои демографски податоци. IP-адресата како и некои други податоци во никој случај не се поврзуваат со други информации кои би можеле да го откријат идентитетот на корисникот.
КОЛАЧИЊА (COOKIES)
За да го поедноставиме и унапредиме корисничкото искуство на веб-страната, како и за да овозможиме користење на одредени функции, користиме „колачиња“(cookies). Колачиња се мали текстуални датотеки кои може да бидат зачувани на вашиот уред. Дел од колачињата кои ги користиме се бришат по завршувањето на сесијата во прелистувачот. Други колачиња остануваат на вашиот уред и ни овозможуваат нам или на нашите партнери да го препознаеме вашиот прелистувач при вашата следна посета. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме колачињата, можете да пристапите до нашата „Политика за колачиња“.
ВОЗРАСНО ОГРАНИЧУВАЊЕ
Користејќи го овој сајт, вие потврдувате дека сте полнолетни, односно имате најмалку 18 години.
ИЗМЕНИ НА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Го задржуваме правото да ја измениме оваа политика за приватност во секое време, така што ве молиме консултирајте ја почесто. Промените и појаснувањата ќе стапат во сила веднаш по нивното објавување на веб-сајтот.
Доколку направиме материјални промени на оваа политика, ќе ве известиме овде дека истата била ажурирана, како би биле свесни за тоа кои информации ги прибираме, како ги користиме и под кои околности, доколку има такви, ги користиме и/или откриваме. Доколку нашата продавница биде откупена или се спои со друга компанија, вашите информации може да бидат пренесени на новите сопственици како би можеле да ви продаваме продукти.
ПРАШАЊА И ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНТАКТ
Имате право доколку сакате да пристапите до, коригирате, измените, ажурирате, преземете или избришете некои или сите лични податоци кои ги поседуваме за вас, вклучително и да го ограничите процесирањето на вашите лични податоци, под одредени услови, за тоа можете да не контактирате на нашата е-пошта info@medobil.com.

Прочитајте повеќе

Сведоштва