1. ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ РЕГИСТРИРАМ НА ВЕБ-САЈТОТ ЗА ДА ПЛАСИРАМ НАРАЧКА?
Не. Преку нашиот веб-сајт можете да пласирате нарачка и како гостин, без да се регистрирате односно без да отворите корисничка сметка. Дополнително, нашите производи можете да ги нарачате и телефонски, со јавување на 078 46 46 46.
2. КОИ ПЛАТЕЖНИ МЕТОДИ ГИ ПРИФАЌАТЕ?
Плаќањето за нарачките пласирани преку нашиот веб-сајт и нарачките пласирани по телефонски пат се врши во готово при испорака. 
3. КОИ ОПЦИИ ЗА ИСПОРАКА ГИ НУДИТЕ?
Доставата на нарачаните продукти се врши до вашата врата и тоа преку компанијата Брза Пратка. Фиксниот трошок за испорака на целата територија на државата изнесува 120 денари, освен доколку не е наведено поинаку во понудата.
4. ЗА КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ МИ ПРИСТИГНЕ ПРАТКАТА?
Испораката вообичаено се врши за 2-3 работни дена, а во случај дестинациите да се поодалечени (на пример затурени села во внатрешноста на државата) - може да одземе и околу 5 работни дена, па и повеќе. Затоа, ве молиме за разбирање и трпение.
5. ДАЛИ МОЖЕ ДА ГИ ВРАТАМ КУПЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ АКО СЕ ПРЕДОМИСЛАМ?
Не. Сите пласирани и платени нарачки се конечни и нерефундабилни. Во случај да сте избрале плаќање во готово при испорака, а не сакате или избегнувате да ја примите пратката, ќе добиете трајна забрана за пласирање нови нарачки со нас.
6. ДАЛИ МОЖЕ ДА МИ НАШТЕТАТ ВАШИТЕ ПРОИЗВОДИ?
Воглавно не, бидејќи нашите производи се 100% природни, со избалансиран состав и на нив се извршени сите потребни тестови од наша страна и од релевантните здравствени установи пред да се пуштат во продажба така што се безбедни по вашето здравје и одобрени за конзумација и апликација. За различни производи постојат различни околности кога не се препорачува нивната употреба. Затоа внимателно прочитајте ги информативните текстови и упатствата за производите пред да пласирате нарачка и ако сѐ уште не сте сигурни тогаш консултирајте се со нас или со доктор, приложувајќи му ги достапните информации (состав, дејство, индикации, контраиндикации) за посакуваниот производ.

Прочитајте повеќе

Сведоштва