Правила за користење на услугите

ПРЕГЛЕД

Овој веб-сајт е управуван од МЕДОБИЛ ГРУП УВОЗ-ИЗВОЗ Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ (во продолжение на текстот: Медобил Груп). Низ сајтот, термините „ние“, „нас“ и „наш/а/е/и“ се однесуваат на Медобил Груп. Медобил Груп го нуди овој веб-сајт, вклучително сите информации, алатки и услуги достапни на сајтот на вас, како корисник, под услов да ги прифатите сите правила, услови, политики и забелешки наведени овде.

Со посетувањето на нашиот сајт и/или купувањето нешто од нас, вие станувате дел од нашата „услуга“ и ги прифаќате следните правила и услови („Правила за користење на услугите“, „Правила“), вклучително дополнителните правила и услови и политики кои се овде наведени или достапни преку хиперврска. Овие Правила за користење на услугите се апликативни на сите корисници на сајтот, вклучително без ограничување корисниците кои се посетители и клиенти.

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие Правила за користење на услугите пред да пристапите или ползувате нашиот веб-сајт. Со пристапувањето или ползувањето на кој било дел од сајтот, вие ги прифаќате овие Правила за користење на услугите. Доколку не се согласувате со сите правила и услови на овој договор, тогаш не можете да пристапите на веб-сајтот или да ползувате која било од услугите. Доколку овие Правила за користење на услугите се сметаат за понуда, прифаќањето е експлицитно ограничено на овие Правила за користење на услугите.

Кои било нови функционалности или алатки кои се додаваат на конкретнава продавница исто така ќе бидат предмет на Правилата за користење на услугите. На оваа страница во секое време можете да ја прегледате најновата верзија на Правилата за користење на услугите. Го задржуваме правото да ажурираме, промениме или замениме кој било дел од овие Правила за користење на услугите објавувајќи ги ажурираните содржини и/или промените на нашиот веб-сајт. Ваша одговорност е периодично да ја проверувате оваа страница за евентуални измени. Вашето континуирано ползување или пристап на веб-сајтот по објавувањето на какви било измени подразбира прифаќање на тие измени.


СЕКЦИЈА 1 - ПРАВИЛА НА Е-ПРОДАВНИЦАТА

Со прифаќањето на овие Правила за користење на услугите, вие изјавувате дека сте полнолетни.

Нашите продукти не можете да ги употребувате за нелегални или неовластени цели, ниту можете, во контекст на користење на услугата, да кршите кој било од законите во Република Македонија (вклучително но без ограничување на Законот за авторското право и сродните права).

Не смеете да пренесувате каков било малициозен софтвер или код од деструктивна природа. 

Кршењето на кое било од Правилата ќе резултира со моментално терминирање на вашите услуги.


СЕКЦИЈА 2 - ОПШТИ УСЛОВИ

Го задржуваме правото да одбиеме да пружиме услуга на секого, поради која било причина и во секое време.

Вие разбирате дека нашите содржини (не вклучувајќи ги информациите за платежните картички) може да бидат пренесени неенкриптирани и вклучуваат (а) преноси преку различни мрежи; и (б) измени за да се усогласат и прилагодат на техничките барања на поврзаните мрежи или уреди. Информациите за платежните картички секогаш се енкриптирани за време на трансферот преку мрежите.

Вие се согласувате дека нема да репродуцирате, копирате, продавате, препродавате или искористите кој било дел од услугата, ползувањето на услугата, или пристапот до услугата или кој било контакт на веб-сајтот преку кои е овозможена услугата, без претходна експлицитна писмена согласност од нас.

Заглавијата употребени во овој договор се вклучени само заради практичност и не ги лимитираат и не влијаат врз овие Правила.


СЕКЦИЈА 3 - ТОЧНОСТ, КОМПЛЕТНОСТ И НАВРЕМЕНОСТ НА ИНФОРМАЦИИТЕ

Ние не сме одговорни доколку информациите достапни на овој сајт не се точни, комплетни или актуелни. Содржините на овој сајт се понудени само за општо информирање и не треба да се ослонувате на нив или да ги користите како единствена основа за носење на одлуки без консултирање примарно поточни, покомплетни и понавремени извори на информации. Секое ослонување на содржините на овој сајт е на ваш сопствен ризик.

Сајтот може да содржи одредени историски информации. Историските информации, нужно, не се актуелни и се понудени само за ваша референца. Го задржуваме правото да ги менуваме содржините на овој сајт во секое време, но немаме обврска да ги ажурираме информациите на него. Вие се согласувате дека е исклучиво ваша одговорност да ги следите промените на нашиот сајт.


СЕКЦИЈА 4 - ИЗМЕНИ НА УСЛУГАТА И ЦЕНИТЕ

Цените на нашите продукти се предмет на промена без известување.

Го задржуваме правото во секое време да ја измениме или прекинеме услугата (или кои било делови или содржини од неа) без известување.

Нема да бидеме одговорни пред вас или пред која било друга трета страна за каква било измена, промена на цената, суспендирање или прекинување на услугата.


СЕКЦИЈА 5 - ПРОДУКТИ ИЛИ УСЛУГИ

Одредени продукти или услуги може да бидат достапни ексклузивно онлајн преку веб-сајтот. Овие продукти или услуги може да бидат во ограничени количини и се предмет на враќање или замена само во согласност со нашата Политика за рекламација и рефундација.

Ние вложуваме напори да ги прикажеме најточно што може боите и фотографиите од нашите производи кои се достапни во продавницата. Не можеме да гарантираме дека приказот на боите на мониторот од вашиот компјутер, таблет или паметен телефон ќе биде точен.

Го задржуваме правото, но не сме обврзани, да ја ограничиме продажбата на нашите продукти или услуги на секое лице, географски регион или јурисдикција. Можеме да го искористиме ова право по потреба. Го задржуваме правото да ги ограничиме количините на кои било продукти или услуги што ги нудиме. Сите описи на продуктите или цени на продуктите се предмет на промена во секое време без известување, по наше сопствено убедување. Го задржуваме правото да прекинеме некој продукт во секое време. Секоја понуда за кој било продукт или услуга на овој сајт е ништовна во случај кога е забранета со закон.

Не гарантираме дека квалитетот на продуктите, услугите, информациите или другите материјали кои сте ги купиле или прибавиле ќе ги задоволат вашите очекувања или дека евентуалните грешки во услугата ќе бидат коригирани.


СЕКЦИЈА 6 - ТОЧНОСТ НА ПЛАТЕЖНИТЕ И КОРИСНИЧКИТЕ ИНФОРМАЦИИ

Го задржуваме правото да одбиеме нарачка која сте ја пласирале кај нас. Можеме, според нашето сопствено убедување, да ги ограничиме или откажеме количините купени по лице, по домаќинство или по нарачка. Овие ограничувања може да вклучуваат нарачки пласирани од или под ист кориснички профил, иста платежна картичка и/или нарачки кои имаат иста адреса за наплата или испорака. Во случај да направиме измена на нарачката или да ја откажеме нарачката, ќе се обидеме да ве известиме за тоа контактирајќи ве преку е-поштата и/или адресата за наплата/телефонскиот број што сте ги внеле при пласирањето на нарачката. Го задржуваме правото да ги ограничиме или забраниме нарачките кои, според нашето сопствено убедување, сметаме дека се пласирани од страна на дилери, препродавачи или дистрибутери.

Вие се согласувате да внесете актуелни, комплетни и точни платежни и кориснички информации при секое купување направено во нашата продавница. Исто така се согласувате веднаш да ги ажурирате вашите кориснички и други информации, вклучително адресата на е-пошта и бројот на платежната картичка и датумот на нејзиното истекување, како би можеле ги комплетираме вашите трансакции и да ве контактираме доколку е потребно.

За повеќе детали, ве молиме погледнете ја нашата Политика за рекламација и рефундација.


СЕКЦИЈА 7 - ОПЦИОНАЛНИ АЛАТКИ

Може да ви овозможиме пристап до алатки од трети страни, врз кои не вршиме мониторинг ниту имаме контрола или влијание.

Вие разбирате и се согласувате дека ви овозможуваме пристап до таквите алатки „какви што се“ и „какви што се достапни“ без какви било гаранции, застапување или услови од каков било вид и без никакво одобрување. Не сносиме никаква одговорност која произлегува од или во врска со вашето користење на опционалните алатки од трети страни.

Секое користење од ваша страна на понудените опционални алатки преку сајтот е исклучиво на ваш сопствен ризик и дискреција и треба да се осигурате дека сте запознаени со и ги одобрувате правилата според кои ви се овозможени алатките од релевантните трети провајдери.

Исто така може да се случи, во иднина, да понудиме нови услуги и/или функционалности преку веб-сајтот (вклучително лансирање на нови алатки и ресурси). Таквите нови функционалности и/или услуги исто така ќе бидат предмет на овие Правила за користење на услугите.


СЕКЦИЈА 8 - ЛИНКОВИ ОД ТРЕТИ СТРАНИ

Одредени содржини, продукти и услуги достапни преку нашата услуга може да содржат материјали од трети страни.

Линковите од трети страни на овој сајт може да ве насочат кон веб-сајтовите на третите страни кои не се поврзани со нас. Ние не сме одговорни за испитувањето или оценувањето на содржините или нивната точност и не гарантираме и нема да сносиме никаква одговорност за материјалите или веб-сајтовите на трети страни, или за какви било други материјали, продукти или услуги на трети страни.

Не сме одговорни за каква било штета поврзана со купувањето или употребата на продукти, услуги, ресурси, содржини или какви било други трансакции направени во врска со кои било веб-сајтови на трети страни. Ве молиме внимателно прочитајте ги политиките и практиките на третите страни и осигурајте се дека ги разбирате пред да се впуштите во каква било трансакција. Поплаките, побарувањата и прашањата во однос на продуктите од трети страни треба да ги адресирате до третите страни.


СЕКЦИЈА 9 - КОРИСНИЧКИ КОМЕНТАРИ, РЕЦЕНЗИИ И ДРУГИ ПОДНЕСОЦИ

Доколку, на наше барање, испратите одредени поднесоци (на пример рецензија на продукт) или без барање од нас испратите креативни идеи, предлози, планови или други материјали, било онлајн, преку е-пошта, преку конвенционална пошта или други начини (севкупно земено, „коментари“), се согласувате дека можеме, во секое време, без ограничување, да ги измениме, уредиме, дистрибуираме, преведеме или на друг начин да ги искористиме во кој било медиум сите коментари кои ни ги испраќате. Немаме и ни во иднина нема да имаме обврска: (1) да ги држиме коментарите во доверливост; (2) да исплаќаме надомест за коментарите; или (3) да одговориме на коментарите.

Можеме, но немаме обврска, да ги мониторираме, уредуваме или отстрануваме содржините кои ќе сметаме по наше сопствено убедување дека се незаконски, навредливи, заканувачки, клеветнички, порнографски, непристојни или на друг начин неприфатливи или ја повредуваат интелектуалната сопственост на некоја страна или овие Правила за користење на услугите.

Се согласувате дека коментарите нема да повредат ниедно право на ниедна трета страна, вклучително авторското право, трговската марка, приватноста, личноста или други лични или сопственички права. Понатаму, се согласувате дека вашите коментари нема да содржат клеветнички или на друг начин незаконски, навредливи или непристојни материјали, или да содржат каков било компјутерски вирус или друг малициозен софтвер што може на каков било начин да влијае на функционирањето на услугата или друг поврзан веб-сајт. Не можете да користите лажна адреса на е-пошта, да се преправате дека сте некој друг освен самите вие, или на друг начин да нѐ доведете во заблуда нас или третите страни за потеклото на коментарите. Вие сте единствено одговорни за коментарите што ги оставате и нивната точност. Не преземаме одговорност за коментарите објавени од вас или од трети страни.


СЕКЦИЈА 10 - ЛИЧНИ ИНФОРМАЦИ

Приложувањето на лични информации преку е-продавницата е покриено со нашата Политика за приватност. За да ја прегледате истата, кликнете овде.


СЕКЦИЈА 11 - ГРЕШКИ, НЕТОЧНОСТИ И ПРОПУСТИ

Повремено може да се случи да има информации на сајтот или во услугата што содржат типографски грешки, неточности или пропусти кои може да се поврзани со описите на продуктите, цените, промоциите, понудите, трошоците за испорака на продуктот, времето на достава и достапноста. Го задржуваме правото да коригираме какви било грешки, неточности или пропусти и да ги измениме или ажурираме информациите или да ги откажеме нарачките доколку информацијата во услугата или на некој друг поврзан веб-сајт е неточна, во секое време без претходно известување (вклучително откако сте ја пласирале нарачката).

Не преземаме одговорност да ги ажурираме, менуваме или појаснуваме информациите во услугата или на друг поврзан веб-сајт, вклучително без ограничување, информациите за цената, освен кога сме должни согласно законот. Ниеден наведен датум на ажурирање или освежување применет во услугата или на друг поврзан веб-сајт не треба да се земе како индикатор дека сите информации во услугата или на друг поврзан веб-сајт биле изменети или ажурирани.


СЕКЦИЈА 12 - ЗАБРАНЕТА УПОТРЕБА

Како дополнување на останатите забрани наведени во Правилата за користење на услугите, ви се забранува да го користите сајтот или неговите содржини: (а) за какви било незаконски цели; (б) да повикувате други да извршуваат или учествуваат во какви било незаконски дела; (в) да правите прекршување на меѓународните или националните закони; (г) да ги повредите и прекршите нашите права на интелектуална сопственост или правата на интелектуална сопственост на трети лица; (д) да малтретирате, злоставувате, навредувате, повредувате, клеветите, омаловажувате, заплашувате или дискриминирате врз основа на род, сексуална ориентација, религија, етничка припадност, раса, возраст, национално потекло или попреченост; (ѓ) да прикачувате на интернет или ширите вируси или друг вид на малициозен код што ќе или може да биде искористен на каков било начин што ќе влијае на функционалноста или работата на услугата или на друг поврзан веб-сајт, други веб-сајтови, или интернетот; (е) за прибирање или следење на личните информации на другите; (ж) за спамирање или други непожелни активности на интернет; (з) за непристојни или неморални цели; или (ѕ) за попречување или заобиколување на безбедносните функционалности на услугата или друг поврзан веб-сајт, други веб-сајтови, или интернетот. Го задржуваме правото да го прекинеме вашето користење на услугата или друг поврзан веб-сајт поради кршење на некоја од горенаведените ставки за забранета употреба.


СЕКЦИЈА 13 - ИЗЗЕМАЊЕ ОД ГАРАНЦИИТЕ; ОГРАНИЧУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

Не гарантираме или тврдиме дека вашето користење на нашата услуга ќе биде без прекини, навремено, безбедно и без грешки.

Не гарантираме дека резултатите кои може да се добијат од користењето на услугата ќе бидат точни или веродостојни.

Вие се согласувате дека одвреме навреме може да ја отстраниме услугата на неограничен временски период или да ја прекинеме услугата во секое време, без да ве известиме.

Вие експлицитно се согласувате дека вашето користење на, или неможност да ја користите, услугата е на ваш сопствен ризик. Услугата и сите продукти и услуги кои ви се испорачуваат преку услугата се (освен при изречно наведување од нас) ставени на располагање „какви што се“ и „какви што се достапни“ на ваше користење, без никакво тврдење, гаранции или услови од каква било природа, било наведени или имплицирани, вклучително сите имплицирани гаранции за исправноста, квалитетот, прикладноста за одредена намена, трајноста, насловот и оригиналноста на продуктот.

Во никој случај Медобил Груп, нашите директори, службеници, вработени, соработници, агенти, изведувачи, практиканти, добавувачи, даватели на услуги или даватели на лиценци нема да бидат одговорни за каква било повреда, загуба, побарување, или директни, индиректни, инцидентни, казнени, специјални или последователни штети од секаков вид, вклучително, без ограничување изгубен профит, изгубен приход, изгубена заштеда, губење на податоци, трошоци за замена, или други слични штети, без разлика дали се засновани на договор, непочитување (вклучително небрежност), стриктна одговорност или друго, што произлегуваат од вашето користење на услугата или продуктите набавени користејќи ја услугата, или друго побарување поврзано на каков било начин со вашето користење на услугата и кој било продукт, вклучително, но без ограничување на, евентуални грешки или пропусти во содржините, или каква било загуба или штета од каков било вид настаната како резултат на користењето на услугата или содржините (или продуктот) објавени, пренесени или на друг начин направени достапни преку услугата, дури и ако постои известување за нивната можност. Поради тоа што некои држави или јурисдикции не дозволуваат изземање или ограничување од одговорност за последователни или инцидентни штети, во таквите држави или јурисдикции нашата одговорност ќе биде ограничена до степен максимално дозволен со закон.


СЕКЦИЈА 14 - ОБЕШТЕТУВАЊЕ

Се согласувате дека ќе ги обештетите, одбраните и нема да ги држите за одговорни Медобил Груп и нашите подружници, партнери, соработници, службеници, директори, агенти, изведувачи, даватели на лиценци, даватели на услуги, подизведувачи, добавувачи, практиканти и вработени, во случај на какво било барање за отштета или други побарувања, вклучително оправдани адвокатски трошоци, кои потекнуваат од трета страна, а поради или кои произлегуваат од вашето непочитување на овие Правила за користење на услугите или документите кои се инкорпорирани во нив со референца, или вашето кршење на некој закон или правата на трета страна.


СЕКЦИЈА 15 - САЛВАТОРСКА КЛАУЗУЛА

Во случај доколку некоја одредба од овие Правила за користење на услугите се испостави за незаконска, неважечка или неприменлива, таквата одредба сепак ќе биде применлива до највисокиот степен дозволен од соодветниот закон, а неприменливиот дел ќе се смета за исклучен од овие Правила за користење на услугите, но таквата судска одлука нема да влијае врз валидноста и спроведливоста на останатите одредби содржани во Правилата. 


СЕКЦИЈА 16 - РАСКИНУВАЊЕ

Обврските и одговорностите на страните настанати пред датумот на раскинување ќе бидат извршни и по раскинувањето на овој договор.

Овие Правила за користење на услугите се во сила освен доколку и сѐ додека не биде раскинат договорот од ваша или од наша страна. Можете да го раскинете договорот заснован на овие Правила за користење на услугите во секое време така што ќе нѐ известите дека не сакате повеќе да ги користите нашите услуги или кога ќе престанете да го ползувате нашиот сајт.

Доколку, според наше сопствено убедување, не се придржувате или се сомневаме дека не се придржувате до некоја одредба од овие Правила за користење на услугите, ние исто така можеме да го раскинеме овој договор во секое време без известување, но и натаму ќе бидете одговорни за сите доспеани износи до тогаш и вклучително со датумот на раскинување; и/или можеме да ви оневозможиме пристап до нашите услуги (или до делови од нив).


СЕКЦИЈА 17 - ЦЕЛИОТ ДОГОВОР

Доколку не успееме да извршиме или спроведеме некое право или одредба од овие Правила за користење на услугите, тоа нема да претставува откажување од тоа право или одредба.

Овие Правила за користење на услугите и останатите политики и оперативни прописи објавени од нас на овој сајт или во однос на услугата го конституираат целиот договор и разбирање меѓу вас и нас и го регулираат вашето користење на услугата, заменувајќи ги сите претходни или актуелни договори, комуникации и предлози, било усмени или писмени, меѓу вас и нас (вклучително, но без ограничување на, сите претходни верзии на Правилата за користење на услугите).

Сите нејаснотии во толкувањето на овие Правила за користење на услугите не смее да биде толкувана против страната која ги изготвила.


СЕКЦИЈА 18 - ЗАКОНСКО ПОКРИВАЊЕ

Овие Правила за користење на услугите и сите посебни договори со кои ви обезбедуваме услуги ќе бидат регулирани и толкувани во согласност со законите на Република Македонија.


СЕКЦИЈА 19 - ИЗМЕНИ НА ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ

Најновата верзија на Правилата за користење на услугите можете да ја прегледате во секое време на оваа страница.

Го задржуваме правото, по наше сопствено убедување, да ажурираме, промениме или замениме кој било дел од овие Правила за користење на услугите објавувајќи ги ажурираните содржини и/или промените на нашиот веб-сајт. Ваша одговорност е периодично да го проверувате нашиот веб-сајт за евентуални измени. Вашето континуирано ползување или пристап на веб-сајтот по објавувањето на какви било измени на овие Правила за користење на услугите подразбира прифаќање на тие измени.


СЕКЦИЈА 20 - ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНТАКТ

Прашањата во врска со Правилата за користење на услугите треба ни ги испратите на [email protected]