Популарно Промоција
Ливадски Мед Медобил 1кг

Ливадски Мед Медобил 1кг

Цена: 590 ден

Код на производот: MOB02

Ливадскиoт мед се препорачува и на лицата кои имаат некое хронично кардиоваскуларно заболување како на пример: артериска болест, проблеми со циркулацијата, каротидна и венска болест и слично. Освен како потпора на медикаментозната терапија кај споменатата група на пациенти, ливадскиот мед е и одличен стимулатор за да се постигне високо ниво на имунолошкиот систем.

  НАРАЧАЈ

Опис на производот

ЛИВАДСКИ МЕД-ХРАНА И ЛЕК ЗА СИТЕ
Сладок, здрав, неодолив! Со овие три зборови најдобро се опишува медот. Храна и лек, лек и храна во минатото, во сегашноста и во иднината! Ливадскиот мед претставува полифлорна мешавина, т.е. се прави со мешање на повеќе видови на билки. Затоа, ливадскиот мед е богат со витамини, минерали и етерични масла.
Се прави од билки кои цветаат во рана пролет: глуварче, бела рада, жалфија, љубилица, кантарион, мајчина душичка...Бидејќи ливадскиот мед потекнува од ливадско цвеќе, уште се нарекува и цветен мед. Наговата боја варирза од жолта до темно црвена. Пчелите кои го произведуваат медот одат од цвет на цвет, собираат нектар за да направат мед. Најважно е да се има во предвид фактот на какво подрачје растеле билките од кои пчелите прават мед.
Еколошки чистата и незагадена средина и природа, т.е. необработената земја секако дека дава подобри резултети и медот има поголем ефект врз здравјето.
Тоа се однесува на производите од линијата МЕДОБИЛ.
Подрачјето од кое пчелите прават мед е оддалечено 27км од контаминирана(загадена) зона што гарантира врвен квалитет и одличен ефект на производите.
На овој начин ливадскиот мед ги пренесува позитивните својства на билките од кои е направен врз човековото здравје. Како храна и како лек, позитивно влијае на респираторниот(дишниот) систем.
Ги олеснува проблемите со кашлањето, исфрлањето на секрет предизвикано од бронхитис, астма, ХОББ(Хронична опструктивна белодробна болест).
Понатаму, ливадскит мед се препорачува и на лицата кои имаат некое хронично кардиоваскуларно заболување како на пример: артериска болест, проблеми со циркулацијата, каротидна и венска болест и слично. Освен како потпора на медикаментозната терапија кај споменатата група на пациенти, ливадскиот мед е и одличен стимулатор за да се постигне високо ниво на имунолошкиот систем.
Тоа значи дека може и се препорачува да се зема во превентивни цели како кај децата така и кај возрасните. Благодетите од употребата на ливадскиот мед се евидентни доколку тој се зема во текот на целата година. Посебно се нагласува неговата употреба при премин од едно во друго годишно време, од лето во есен и од зима во пролет. Во тие периоди, настинките го достигнуваат врвот по својата честота. Дополнително, пролетта е период кога алергиите се најчести. Конзумирањето на ливадски мед пред календарскиот почеток на пролетта и потоа во голема мерка може да ги ублажи и да ги елиминира неприајтните симптоми на се почестите алергии на полен. Тоа е така, зашто ливадскиот мед настанува од поленот на повеќе билки кои се причина за тие алергии.
 
Покрај споменатите витамини и минерали, ливадскиот мед е богат извор на органски киселини и разни ензими кои делуваат антигабично, антимикробно и антисептично. Лекарите и нутриционистите препорачуваат да се зема една лажичка дневно наутро со цел да се обезбеди виталност, енергија и здравје. На тој начин и децата и возрасните ќе бидат заштитени од зарази и инфекции, но истовремено ќе бидат детоксицирани, т.е. крвата ќе биде исчистена од токсини(отрови). Со својот специфичен вкус и арома, ливадскиот мед дава и дополнителна енергија за мозокот и целото тело кај лицата кои работат умствена работа, но и кај спортистите кај кои е потребна потпора на мускулната маса.