Останете во тек со нашите промоции и заштедете!

Четка за исправување на коса

Четка за исправување на коса

Косата вообичаено се витка во текот на ноќта додека спиете, па сѐ што треба да направите е да ја исчешлате со оваа четка и таа ќе стане стане рамна и мазна за миг. Четката за исправување на коса Szent peter е исклучително лесна за употреба: притиснете го копчето за старт на 3 секунди и за 30 секунди таа ќе постигне температура до 230˚C.

Брза и заштедува време

Четката ви нуди нега на косата која одговара на денешното брзо темпо на живот. Со неа ќе бидете во можност да ја исправите вашата коса за само неколку минути.

Безбедна за вашата коса

Четката за исправување на коса беше специјално дизајнирана за прилагодување на температурата од 80˚C до 230˚C која останува практично константна во текот на секое поминување со четката, притоа одржувајќи ја косата мазна и здрава. Четката не само што не ја оштетува косата, туку има и враден механизам за заштита од изгореници на скалпот кои неретко настануваат кога користите пегла за коса. Кога температурата на панелот изнесува 200˚C, температурата на врвовите на запците е само 50˚C.

Погодна за сите видови на коса, со опсег на температура од 80˚C до 230˚C, 3D керамички запци, глатко и нежно ја исправа косата. Не мора да стравувате дека ќе се искубете.

Косата ја прави посјајна и помазна

Функционира и на влажна коса или на коса исушена со пешкир. Ѝ дава природен здрав свиленкаст изглед наместо безживотен изгорен изглед, правејќи ја лесна за одржување.

Доаѓа со вграден LCD дисплеј: температурата ќе биде прикажана на екранот, што ќе ви помогне лесно да ја прилагодите соодветно на вашиот тип на коса. Препорачаните температури се: за густа или кадрава коса - 210˚C до 230˚C; за нормална коса - 185˚C до 210˚C; за нежна, фина или обоена коса - 80˚C до 185˚C.

Напомена: Ефективноста и резултатите на овој продукт ќе бидат различни за сите. Ве молиме земете ги предвид типот на косата, нејзината историја, одржувањето на косата и ритуалите за стилизирање. Важно е да запомните дека треба да ја држите вашата коса затегната и да поминувате со четката полека. Погрижете се косата да помине низ керамичките запци бидејќи тие всушност го прават исправањето. Не можете да поминувате со оваа четка низ косата како со обична четка и да очекувате совршени резултати. Ако се чешлате полека, можете исто така да ги исправите и краевите на косата. Не користете прамени со премногу коса, затоа што во тој случај нема да го постигнете свиленкастиот резултат - користете потенки прамени. Препорачуваме да користите заштитни ракавици бидејќи косата се загрева поприлично, имајќи предвид дека четката развива температура до 230˚C. Но без грижи, четката нема да ја оштети вашата коса како што тоа се случува кога косата се згмечува меѓу метални плочки.

Општ преглед
Содржина на пакувањето1 x четка за брзо исправување на коса, 1 x корисничко упатство
Волтажа220 V
Максимална температура230˚C
Автоматска температура80˚C
Должина на кабел180 cm
БојаЦрна

Напиши рецензија

Забелешка: HTML не се преведува!
    Незадоволително           Одлично
Ја наградуваме вашата доверба
Во декември, 10% попуст на сите продукти во производство на Медобил Груп.
Новогодишен попуст
Погледнете ги празничните промо пакети со кои заштедувате до 60%.
  • Прегледи: 600
  • Бренд: Szent peter
  • Код на продуктот: SPCSB
  • Достапност: Има залиха
  • 999 ден.
Временска рамка за испорака
Доставата на нарачките се реализира за 2-3 работни дена преку Брза Пратка.
Дали може да се предомислам?
Продажбите се конечни и нерефундабилни. Ве молиме прочитајте повеќе.

Ознаки: убавина, четка, коса, пеглање, исправување, фризура