Популарно Промоција
АctivBil

АctivBil

Цена: 1.100 ден

Код на продуктот: MG011

АctivBi; е природен тоник кој спаѓа во категоријата додаток во исхраната и како таков е целосно безбеден и благотворен за секојдневна конзумација.

Негов пропратен медицински ефект е: регулирање на крвниот притисок, намалување на ЛДЛ лошиот холестерол во крвта, намалување на мастите во крвта, детоксицирање на целиот организам и подобрување на општата имуно-биолошка состојба. 

Начин на употреба
Секое утро и навечер пред легнување по една супена лажица од тоникот растворате во 200 ml ладна вода и го пиете.

НАРАЧАЈ

Опис на производот

Продукт директно од природата
АctivBil е 100% природен тоник во чиј состав главна застапеност има ферментираниот јаболков сок добиен при строго контролиран процес на вриење со што се сочувани највредните состојки, од кои ќе ги издвоиме инулинот, витамините, овошните киселини и посебно важниот пектин – сврзувачка супстанца во клетките на плодовата срцевина. По сложените технолошки преработки, нашиот тоник содржи чист пектин од јаболко. Пектинот на нашиот организам дејствува како балансна материја, го стимулира варењето на храната и ги штити ѕидовите на тенкото и дебелото црево од воспалителни процеси. Тоа е од значење за излачување на отровите, како на пример тешките метали и оловото.

Јаболковиот пектин заедно со биофлавонидите делува антиоксидантно и помага при дејството на витаминот Ц, кој е важен за метаболизмот и сврзувањето со желудочниот сок во кој се сврзува и холестеролот. При вакво ново образување на желудочна течност ќе се намали и нормализира холестеролот во крвта, што ќе доведе до подобра проточна способност на крвта давајќи висока заштита на крвните садови од таложење на наслаги – калцирање.

Исто така, од исклучително значење е количеството на калиум (100–140 mg/ml) и многустраното дејство врз човечкиот организам. При недостаток на калиум, срцето и крвните садови работат ослабнато, мускулите атрофираат, се чувствува малаксаност и настанува потполна апатија – загуба на животната и работната енергија.

Калиумот има важно дејство врз отстранување на течностите од организмот, односно ги елиминира отровите преку уринарно отстранување. Збогатен е и со натурален прополис кој делува антифлогистично и антисептично на голем број грампозитивни и грамнегативни бактерии, обновувајќи ја слузокожата на ѕидот на желудникот и тенкото црево. И како хербална дополнителна моќ се додадени силно позитивни фитоекстракти, меѓу кои: бреза, жалфија, ливадски темјан, лист од коприва, нане мента, рузмарин и глуварче (овие се во најизразена екстрактна форма - според силина и густина на есенција - доминантни во однос на останатите). Овие екстракти ги елиминираат насобраните штетни течности и материи, ја подобруваат циркулацијата, го поттикнуваат излачувањето на урината и потта, подобрувајќи го сјајот и изгледот на кожата, го стимулираат метаболизмот отстранувајќи констипација (затвор на столица), помагаат во разградување на мастите од бубрезите и жолчката.

АctivBil во целост ја задржува својата боја, киселост и вкус. Гарантирано не содржи вештачки бои, конзерванси и адитиви. Станува збор за продукт директно од природата, на кој ние само му направивме најдобар избалансиран спој од јаболков сок, прополис и билни екстракти. Како таков, тој важи за најдобар природен тоник за детоксикација. Се конзумира еден час наутро пред првиот оброк и еден час пред спиење. Пакувањето од 500 ml концентриран тоник е количина доволна за 40 дена конзумација.

Редовно се вршат лабараториски анализи и контроли во Ј.З.О. Завод за здравствена заштита - Скопје и примерокот одговара на правилникот за безбедност на храната.

Важна напомена: Не смее да го конзумираат трудници и доилки, како и деца под 5 годишна возраст.

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ: Енергетска вредност: 17,01 kJ / 100g; Протеини: 0,16%; Јаглехидрати: 0,84%; Масти 0,01%; Вкупно киселини: (g/l)72.000


Промоција: Со купување на 2 шишиња АctivBil 3то шише го добивате гратис. 
 

Состојки јаболков сок, прополис и билни екстракти од мента, камилица, босилек и анасон
Нето тежина 500 ml
Производител Медобил Груп