Политика за приватност

СЕКЦИЈА 1 - ШТО ПРАВИМЕ СО ВАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ?

Кога ќе купите нешто од нашата продавница, како дел од процесот на купување и продавање, ние прибираме лични информации што ги внесувате како вашето име, адреса и адреса на е-пошта.

Кога ја разгледувате нашата продавница, ние автоматски ја добиваме адресата на интернет протоколот на вашиот компјутер (IP-адреса) со цел да прибавиме информации кои ни помагаат да дознаеме повеќе за вашиот веб-прелистувач и оперативен систем.

Маркетинг преку е-пошта: Со ваша дозвола, исто така можеме да ви испраќаме е-пораки во врска со нашата продавница, новите продукти и други вести.


СЕКЦИЈА 2 - СОГЛАСНОСТ

Како ја добивате мојата согласност?

Кога внесувате лични информации за да ја комплетирате трансакцијата, за да ја верифицирате вашата платежна картичка, за да пласирате нарачка, за да организирате испорака или за да направите рекламација на продуктот, ние подразбираме дека се согласувате со нашето прибирање на истите и нивно користење за оваа конкретна намена.

Доколку ги побараме вашите лични информации од друга причина, како маркетинг, директно ќе побараме од вас експлицитна согласност или ќе ви дадеме можност да кажете не.

Како да ја повлечам мојата согласност?

Доколку откако сте се одлучиле, се премислите, можете во секое време да ја повлечете вашата согласност за да ве контактираме и за континуирано прибирање, користење или откривање на вашите информации, така што ќе ни пишете на нашата е-пошта [email protected]


СЕКЦИЈА 3 - ОТКРИВАЊЕ

Можеме да ги откриеме вашите лични информации доколку сме обврзани со закон да го сториме тоа или доколку ги прекршите нашите Правила за користење на услугите.


СЕКЦИЈА 4 - ПРОДАВНИЦА

Нашата продавница работи на платформата за е-трговија OpenCart, а е хостирана во САД. Вашите податоци се чуваат на сигурен виртуелен приватен сервер обезбеден со заштитен ѕид.

Наплата

Корисниците имаат можност да одберат неколку платежни методи при пласирањето на нарачката: (1) плаќање (го готово) при достава; и (2) плаќање при подигнување од продажниот салон (во готово или со платежна картичка: VISA, VISA Electron, MaterCard, Maestro).

Во случај кога ќе воведеме опција за купување со платежна картичка преку интернет, информациите за платежната картичка нема да бидат складирани на нашиот сервер и истите ќе бидат енкриптирани согласно Стандардот за безбедност на податоците во индустријата за платежни картички (Payment Card Industry Data Security Standard или скратено: PCI-DSS). Податоците за вашата трансакција се чуваат само колку што е потребно за да се комплетира купувањето. Откако ќе биде комплетирано, тие податоци се бришат.

Сите процесори на трансакции со платежни картички преку интернет се придржуваат до стандардите поставени во PCI-DSS согласно насоките од Советот за безбедносни стандарди во индустријата за платежни картички (PCI Security Standards Council), кој претставува заедничка иницијатива на брендовите како Visa, MasterCard, American Express и Discover.

Условите во PCI-DSS помагаат да се осигура безбедното ракување со информациите за платежната картичка од страна на нашата продавница и нејзините даватели на услуги.


СЕКЦИЈА 5 - УСЛУГИ ОД ТРЕТИ СТРАНИ

Општо земено, давателите на услуги кои ги користиме ќе ги прибираат, користат и откриваат вашите информации само до степен неопходен да им се овозможи да ги извршат услугите што ни ги обезбедуваат.

Меѓутоа, одредени даватели на услуги, како што се процесорите на трансакции со платежни картички преку интернет, имаат нивни сопствени политики за приватност во однос на информациите кои сме должни да им ги обезбедиме за вашите трансакции при пазарењето.

За овие даватели на услуги, препорачуваме да ги прочитате нивните политики за приватност како би можеле да го разберете начинот на кој ќе ракуваат со вашите лични информации.

Штом ја го напуштите веб-сајтот на нашата продавница или бидете пренасочени до веб-сајт или апликација на трета страна, повеќе не важи оваа Политика за приватност или нашите Правила за користење на услугите.

Линкови

Кога ќе кликнете на некои линкови на нашата продавница, тие може да ве насочат надвор од нашиот сајт. Ние не сме одговорни за практиките околу приватноста на вашите информации на другите сајтови и ве охрабруваме да ги прочитате нивните политики за приватност.


СЕКЦИЈА 6 - БЕЗБЕДНОСТ

За да ги заштитиме вашите лични информации, ние преземаме разумни мерки на претпазливост и ги следиме најдобрите практики од индустријата за да се погрижиме дека нема да бидат несоодветно изгубени, злоупотребени, достапни, откриени, изменети или уништени.

Ако внесете информации за вашата платежна картичка, информациите се енкриптирани користејќи SSL технологија и складирани со AES-256 енкрипција. Иако ниеден метод на пренос преку интернет или електронско складирање не е 100% безбеден, ние ги следиме сите услови во PCI-DSS и имплементираме дополнителни општоприфатени стандарди во индустријата.


ЛОГОВИ

Како и многу други веб-сајтови, нашиот веб-сајт користи логови за следење на интернет-сообраќајот. Логовите се бази на податоци што содржат информации како IP-адресата, веб-прелистувачот, интернет провајдерот, времето на вчитување, документите консултирани од страна на веб-прелистувачот, влезната и излезната страница, како и некои демографски податоци. IP-адресата како и некои други податоци во никој случај не се поврзуваат со други информации кои би можеле да го откријат идентитетот на корисникот.


КОЛАЧИЊА

Колачиња и „Web Beacons“ (веб-тракери)

Овој веб-сајт користи колачиња за да ги запамети корисничките параметри, за да ги следи најчесто посетуваните страници од корисникот и за да го прилагоди веб-сајтот врз основа на веб-прелистувачот на посетителот или други информации кои посетителот ги испраќа преку него.

Колачиња од други платформи и веб-сајтови

При објавувањето содржини, понекогаш прикачуваме фотографии и видеа од веб-сајтови како што се YouTube, Vimeo и Flickr. Како резултат на тоа, кога ќе посетите делови од веб-сајтот со содржини од надворешни страници, како што се YouTube, Vimeo и Flickr, изложени сте на колачињата од истите. Ние немаме контрола врз надворешните колачиња.

Колачиња од алатките за споделување содржини

Имајте предвид дека голем број од нашите страници ја содржат опцијата „сподели“ со цел да им се овозможи на корисниците полесно да ги споделуваат содржините со нивните пријатели на социјалните мрежи. Социјалните мрежи, исто така, може да содржат колачиња кога сте пријавени на истите. Ние немаме контрола врз нивните колачиња и ве молиме да ги проверите надворешните веб-сајтови за да дознаете повеќе за тоа како тие ги користат колачињата.

Google Analytics колачиња

Го користиме Google Analytics, кој е сервис на компанијата Google, Inc. за анализирање на посетеноста на веб-сајтовите, за да го утврдиме бројот на посетители на нашиот веб-сајт и да спроведеме анализа како тие се служат со веб-сајтот, со цел да одредиме како нашите корисници ни ги вреднуваат содржините. За повеќе информации во врска со овие колачиња кликнете овде.


СЕКЦИЈА 7 - ВОЗРАСНО ОГРАНИЧУВАЊЕ

Користејќи го овој сајт, вие потврдувате дека сте полнолетни, односно имате најмалку 18 години.


СЕКЦИЈА 8 - ИЗМЕНИ НА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Го задржуваме правото да ја измениме оваа политика за приватност во секое време, така што ве молиме консултирајте ја почесто. Промените и појаснувањата ќе стапат во сила веднаш по нивното објавување на веб-сајтот. Доколку направиме материјални промени на оваа политика, ќе ве известиме овде дека истата била ажурирана, како би биле свесни за тоа кои информации ги прибираме, како ги користиме и под кои околности, доколку има такви, ги користиме и/или откриваме.

Доколку нашата продавница биде откупена или се спои со друга компанија, вашите информации може да бидат пренесени на новите сопственици како би можеле да ви продаваме продукти.


ПРАШАЊА И ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНТАКТ

Доколку сакате да: пристапите, коригирате, измените или избришете некои лични информации кои ги поседуваме за вас, поднесете поплака или едноставно сакате да добиете повеќе информации, пишете ни на нашата е-пошта [email protected]