Политика за рекламација и рефундација

Рекламација

Политиката за рекламација трае 14 календарски денови. Доколку поминале 14 календарски денови од вашата нарачка, за жал не можеме да ви понудиме рефундација или замена.

За да се квалификувате за рекламација, вашиот продукт треба да биде некористен и во истата состојба во која сте го примиле. Исто така мора да биде во оригиналното пакување.

Купените ваучери не можат да бидат вратени назад и се нерефундабилни.

За направите рекламација на продукт што сте го купиле директно во нашиот продажен салон, мора да приложите фискална сметка. Во случај продуктот да сте го нарачале преку нашата е-продавница, тогаш ќе треба да појдете овде и да ги внесете информациите за нарачката и причината за рекламацијата. Штом го примиме вратениот продукт и истиот биде испитан, ќе ви испратиме е-порака за да ве известиме дека сме го примиле вратениот продукт. Исто така ќе ве известиме дали сме го одобриле или одбиле вашето барање за рекламација на продуктот.

Доколку вашата рекламација биде одобрена, ќе се обидеме да ви го замениме продуктот со нов.


Рефундација

Сите купопродажби преку нашата е-продавница се конечни и нерефундабилни.

Исклучок од ова правило постои само во случај кога сте направиле рекламација на продукт и истата е прифатена од нас како основана, а не сме во можност да ви го замениме со нов.

Во случај на рефундација, уплатените средства ќе ви бидат вратени на вашата трансакциска сметка или на вашата платежна картичка (ако сте платиле со неа), во рок од 5 работни дена.


Замена

Единствено правиме замена на предмети кои се дефектни или оштетени. Доколку сакате да го замените купениот предмет со ист, поднесете рекламација и испратете ни го предметот по пошта на адреса Јордан Мијалков 44/2-1, 1000 Скопје или донесете го во продажниот салон.

Ако предметот сте го купиле во продажниот салон, контактирајте нѐ по телефонски пат.


Испорака

За да го вратите вашиот продукт, потребно е да ни го испратите по пошта на адреса Јордан Мијалков 44/2-1, 1000 Скопје или, уште подобро, користејќи ги услугите на Брза Пратка, особено доколку испраќате предмет со повисока вредност и имате потреба од загарантирана испорака.

Ние не даваме никакви гаранции дека ќе ја добиеме вашата пратка. Тоа е единствена одговорност на компанијата за поштенски услуги која сте избрале да ја користите.

Вие сте одговорни за плаќањето на трошоците за испорака на предметот што го враќате. 

Медобил Груп ги користи услугите на компанијата Брза Пратка за испорака на вашите нарачки.

Периодот за испорака изнесува 2-3 работни дена. Трошоците за испорака се нерефундабилни.

Доколку ви биде одобрена рефундација на паричните средства, иницијалните трошоци за испорака на продуктот нема да ви бидат рефундирани, во ниеден случај или околности.