Придобивките од моќната комбинација на ѓумбир и мед

Ѓумбирот како билка потекнува од јужниот дел на Азија (најголем производител во моментов е Индија) и се смета за еден од најздравите зачини на планетата. Од него се користи ризомот или долниот дел од коренот.

Од многу оддамна оваа билка се користи во традиционалната медицина. Спектарот на лекувачкото дејство од него е голем, најмногу е индикативен кај настинките, грипот, вирусите и други здраствени проблеми. Најчесто се употребува во свежа форма, во вид на прав или сок.

Апитерапјата потврдува дека ѓумбирот во хомогенизирана состојба заедно со медот има најголема ресорпција во човечкиот организам, бидејќи така сврзан има директен транспорт од дигестијата во циркулаторниот систем, поточно, откако орално ќе се внесе на овој начин за време од неполни 5 минути е во крвта.

Она што го двои од сите билки и го прави уникатен по своето дејствие е ГИНГЕРОЛОТ- којшто е главна компонента на ѓумбирот. Токму тој е одговорен за сите лековити својства на ѓумбирот.

Гингеролот има моќно антиоксидативно и антивоспалително дејство, незаменлива е неговата моќ во намалување на развојот на многу бактерии од различни видови како и ризикот од инфекции. Научни студии покажуваат дека ѓумбирот делува ефективно против RSV вирусот кој е најчест предизвикувач на респираторните инфекции. Кај моментално актуелниот корона вирус медицина се произнесе со потврда за индикативност при имунoлошката слика и подобрување на општата здравствена состојба со што телото многу полесно ќе се избори доколку дојде до заразување од вирусот.

Ѓумбирот како компонента го има во речеси сите производи на Медобил, најголема концентрација во:
- Аktiv Life
- Gastro Clean
- Реума сируп
- Medobil Gold
- Имунобил
- Мед со ѓумбир и цимет

Категории