Совети за нега на вашата коса и скалпот во зима

Објавено од stojkovikj 04/12/2017 0 Коментар(и)

Зимските месеци може да ја изложат вашата коса и скалпот на зголемен стрес. Еве неколку клучни совети и трикови за да ги одржите вашата коса и скалпот здрави во текот на зимата. Патем, ќе ви откриеме неколку наши производи за ефикасна нега на вашата коса и скалпот.

1. Заштитете ја вашата коса од атмосферските влијанија: Ладните, влажни зимски временски услови може негативно да се одразат на вашата коса. Најдобриот начин да ја заштитите вашата коса од атмосферските влијанија е да ја покриете главата со зимска капа или шал, но погрижете се да не бидат премногу тесни бидејќи тоа ќе ја ограничи циркулацијата во вашиот скалп. Покрај тоа што ја штити вашата коса, носењето на зимска капа исто така може да доведе до наталожување на пот која може да го иритира скалпот. Затоа, користете го Фоли Стронг шампонот против опаѓање на косата. Го храни коренот на влакното и ја стимулира циркулацијата со што се поттикнува растот на косата, а оштетените влакна (крти, кршливи, расцветани и без сјај) се обновуваат. Исто така, го смирува воспалувањето на кожата на главата, го ублажува црвенило и го намалува чувството на чешање, ја чисти и негува косата и кожата на главата и го нормализира работењето на лојните жлезди.

2. Одржувајте ги вашата коса и скалпот хидрирани: Доколку сте дехидрирани одвнатре, тоа исто така ќе се манифестира и однадвор, така што погрижете се да пиете доволно вода како би ги одржувале вашата коса и скалпот хидрирани. Сувиот скалп предизвикан од зимските временски услови и температурните флуктуации внатре и надвор можете да го третирате со Фоли Стронг лосионот против опаѓање на косата. Содржи специјална растителна формула со биоактивни елементи кои содржат есенцијални нутритиенси. Лосионот делува стимулативно на скалпот, ја поттикнува активноста на клетките одговорни за раст на косата и ја регулира активноста на лојните жлезди.

3. Не претерувајте со фризурите: Свесни сме дека сакате да изледате совршено на забавите околу новата година, но ограничете го користењето на алатки како фен и фигаро бидејќи топлината може да ги исуши вашата коса и скалпот, зголемувајќи го ризикот од оштетување.

4. Пострижувајте ја косата редовно: Без разлика дали имате долга или кратка коса, зимските временски услови ги прават краевите на вашата коса суви и кршливи. Редовните потстрижувања ќе ја одржат вашата коса во добра форма и ќе ги намалат шансите за расцветани краеви. Нарачајте ја Фоли Стронг маската за коса - прикладна за сите типови на коса, особено за оштетенa, обоена и коса чиишто краеви лесно се кршат. Целосно го регенерира и обновува влакното, обезбедува чувство на сјај и леснотија при одржувањето, чешлањето и обликувањето на косата. Овој третман видно го намалува оштетувањето на влакното, со што на третираната коса ѝ го враќа природниот сјај, еластичност и волумен.

5. Мијте ја вашата коса со умерено топла или млака вода: Во поладните месеци, можеби ќе посакате да ја зголемите температурата на водата, но обидете се да избегнете да ја миете вашата коса со премногу топла вода - користете умерено топла или млака вода за да избегнете оштетување. Топлата вода може да ја исуши вашата коса и да ја оштети деликатната кожа на вашиот скалп, која може да биде исклучително сензитивна во зима.

6. Не излегувајте од дома со мокра коса: Одвојте доволно време за сушење на вашата коса со фен или оставете ја да се исуши природно пред да излезете надвор. Во ладни временски услови, вашата коса коса се суши поспоро - а доколку се смрзне, ризикувате кршење на влакното.

Да резимираме: Кожата на вашата глава е извонредна. Затоа негувајте ја доколку сакате да имате раст на здрава коса. Сите фоликули имаат свое тајно оружје: лојни жлезди. Овие жлезди произведуваат себум, природно масло што ја штити вашата кожа и ја одржува влажноста на вашата коса. Оттаму, одржувањето на здрав скалп е од есенцијално значење. При растот, влакната поминуваат две седмици под површината на скалпот пред да се појават. Вашиот скалп е основата на вашата коса - иако косата над површината е мртва, живиот дел од косата лежи под површината и се храни од вашиот скалп. Сметајте на вашата коса како на растение. Скалпот претставува почва за здрав раст. Корените треба имаат најдобро можно опкружување, што значи грижење за вашиот скалп бидејќи кога е нездрав или оштетен, функционирањето на кожните ќелии се нарушува и доаѓа до истекување на есенцијалната влажност надвор од скалпот. А кога вашиот скалп е сув и оштетен, не можете да очекувате раст на цврста и здрава коса. Значи, која е тајната за цврста и здрава коса? Здрав скалп! Скалпот ви ја дава основата за густа и здрава коса полна со волумен.